Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сте слушнале ли за Биткоин Плажа? Изолирано рибарско село во Ел Салвадор користи биткоин како валута
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Сте слушнале ли за Биткоин Плажа? Изолирано рибарско село во Ел Салвадор користи биткоин како валута
Blog

Сте слушнале ли за Биткоин Плажа? Изолирано рибарско село во Ел Салвадор користи биткоин како валута

Објавено July 18, 2025 10:21
Сподели
Сподели

Во 2019 година локална крипто иницијатива во Ел Салвадор имаше амбиција да ја создаде првата локална економија базирана на биткоин. Таа ја инспирираше националната политика, го привлече вниманието на светот и ги трансформираше животите на младите луѓе во заедницата. Денес, во мирниот град за сурфање Ел Зонте, сега наречен Биткоин Плажа, патниците можат сами да го доживеат експериментот.

Единствениот патоказ до Ел Зонте покажува кон една плажа, оддалечена околу еден километар. Плажата е речиси пуста на вечерното сонце, освен куче кое се лади на брегот и неколку сурфери кои се релаксираат на лежалки.

Од сите места каде што би можела да се роди финансиска револуција, Ел Зонте се чини најневеројатен кандидат. Но, ова изолирано рибарско село на брегот на Пацификот во Ел Салвадор, познато по своито топло море и силни бранови преку целата година, сега е глобално признато како Биткоин Плажа – ретка реална средина каде што криптовалутата се користи во секојдневниот живот.

Ако сакате, на пример, да платите две пива со биткоин, шанкерот во барот на плажата ќе ви донесе еден уред, го внесува износот, ви го покажува QR кодот – и со неколку кликања на вашиот телефон стигнува потврда дека плаќањето е извршено.

Токму оваа комбинација од патување и учество во нешто револуционерно ги привлекува посетителите во Ел Зонте. За оние кои веќе поседуваат биткоин, користењето на валутата тука може да значи и избегнување на маката со конвертирање пари.

Експериментот започна во 2019 година, кога локалниот економист Мајк Петерсон и водачот на заедницата Роман Мартинез добиле анонимна донација во биткоин. Првично, тие вработувале млади луѓе да чистат плажи и реки и им плаќале во криптовалута. Кога се случила пандемијата на Ковид и работните места исчезнале, проектот се проширил на пошироката заедница.

„Ел Салвадор имаше единствена карактеристика – го користи американскиот долар од 2001 година, а не сопствената валута. Ова значеше дека биткоинот не мораше да се бори со националната валута. Исто така, огромен дел од населението не беше во банкарска служба. Во овој контекст, биткоинот овозможи електронски плаќања за прв пат“, вели Петерсон.

За туристите, користењето на биткоинот е едноставно:

– преземете ја апликацијата (криптовалутен паричник),
– вметнете биткоин во апликацијата,
– и подготвени сте да платите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Неверојатен пречек на Јокиќ во Кина, погледнете каков подарок доби (ВИДЕО)
Следна Статија Со украдена пушка пукал кон деца и се обидел да застрела полицајци – во Василево уапсен 29-годишник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Во 23 часот почнува „Ол старот“

Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард, кој не одигра ниту еден натпревар оваа сезона додека се заздравува од скинатата Ахилова тетива,…

February 15, 2026
Blog

‘The PItt’ Season 2: How Tracy Ifeachor’s Character Is Written Out – Deadline

'The Pitt' explains what Tracy Ifeachor's character Dr. Collins has moved on to do following actor's exit.

January 31, 2026
Blog

Повеќе од половина од самовработените во ЕУ работат и по пензионирање

Во Европската унија, 56,4 отсто од самовработените лица во текот на 2023 година продолжиле да работат дури и по добивањето…

June 7, 2025
Blog

Технолошкиот напредок и вештачката интелигенција: Дали ќе нѐ заменат во блиска иднина тема на поткастот на ЦИКП

Каде води вештачката интелигенција и технолошкиот напредок, што и како може да очекуваме во иднина е темата на поткастот на…

October 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?