Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стипендии од Кина и Унгарија: МОН објави конкурси за додипломски и постдипломски студии со рок до 15 јануари 2026
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Стипендии од Кина и Унгарија: МОН објави конкурси за додипломски и постдипломски студии со рок до 15 јануари 2026
МАКЕДОНИЈА

Стипендии од Кина и Унгарија: МОН објави конкурси за додипломски и постдипломски студии со рок до 15 јануари 2026

Објавено December 4, 2025 11:00
Сподели
Сподели

Владата на Народна Република Кина за учебната 2026/2027 година доделува три стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации.

Како што објави Министерството за образование и наука, кандидатите треба да се пријават онлајн и да прикачат документи кои се наведени во конкурсот.

Краен рок за пријавување е 15 јануари 2026 година.

Кандидатите кои ќе се пријават онлајн за стипендии од Владата на Народна Република Кина, до 15 јануари 2026 во архивата на Министерството за образование и наука треба да достават копија од пријавниот лист (точка 1 од потребните документи).

Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје. Прифатените кандидати ќе ги започнат студиите од септември 2026 година.

Во објавата на МОН се наведени контакти на кои заинтересираните може да добијат повеќе информации, кои се достапни и на интернет-страниците https://www.campuschina.org  или https://en.csc.edu.cn/studyinchina  

МОН известува и за Повик за стипендии за додипломски, магистерски, интегрирани магистерски студии (one-tier master – OTM) и докторски студии на државните универзитети во Унгарија за академската 2026/2027 година.

-Програмата Стипендиум Хунгарикум (Stpendium Hungaricum) за академската 2026/2027 година за кандидати од Република Северна Македонија доделува вкупно 20 стипендии: седум за целосни додипломски (BA/BSc) студии, во областите: земјоделски науки, општествени науки, економски науки, технички науки, природни науки, политички науки и јавно управување; седум стипендии за целосни магистерски студии (MA/MSc), исто така во горенаведените области; две стипендии за интегрирани магистерски студии (one-tier master – OTM) во областа на: медицински и здравствени науки; четири стипендии за целосни докторски студии (PhD/DLA) во која било област; делумни студии за сите  нивоа и области на студии како што се наведени погоре, е наведено во повикот. 

Во него се содржани условите и начинот на аплицирање, како и документите што се потребни за пријавување и контактите за информации, а подетални информации за начинот, критериумите и потребните документи, како и листата на студиски програми на државните унгарски универзитети  и текстот на повикот за аплицирање (Call for application 2026-2027) може да се најдат на веб-страницата https://stipendiumhungaricum.hu/

Онлајн-системот за поднесување на потребните документи ќе биде отворен до 15  јануари 2026 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Amazon предизвикува конкуренти со ‘AI фабрики’ во соработка со Nvidia
Следна Статија Тестовите покажуваат зошто 8GB графичка RAM меморија може да биде предизвик за Steam Machine

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Патувањата во ЕУ ќе не чинат повеќе: Наместо 7 ќе плаќаме 20 евра

Европската Унија објави датум за старт на Системот за влез/излез (ЕЕС) и потврди дека таксата за влез преку ЕИАС-системот се…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Средбите со премиерот Стармер и приемот кај кралот Чарлс ја носи Македонија на повисоко ниво во односите со Велика Британија

Македонија го имаше ексклузивитетот да има посебна билатерална агенда во рамки на Самитот на Берлинскиот процес што се одржа во…

October 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Приоритет е подобрување на здравствената заштита на пациентите, но и враќање на достоинството на медицинската професија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со владин тим оствари средба со синдикатот на здравствените работници. На…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ќе се продава одземениот имот од Груевски и Мијалков- Проценет е на 29 милиони евра

Одземениот имот од поранешниот премиер Никола Груевски и од поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков во наредниот период ќе биде…

February 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?