Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојаноски: ВМРО, ЗНАМ и ВРЕДИ поднесоа анкетна комисија за Пулс, Ласкарци, Тетово и Беса Транс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Стојаноски: ВМРО, ЗНАМ и ВРЕДИ поднесоа анкетна комисија за Пулс, Ласкарци, Тетово и Беса Транс
МАКЕДОНИЈА

Стојаноски: ВМРО, ЗНАМ и ВРЕДИ поднесоа анкетна комисија за Пулс, Ласкарци, Тетово и Беса Транс

Објавено November 24, 2025 14:32
Сподели
Сподели

Ве известуваме дека Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, денес поднесовме Иницијатива за формирање Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Република Македонија, рече Бојан Стојаноски, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

„Анкетната комисија ќе има за цел утврдување на одговорност на функционери, носители на јавни функции и други поврзани лица, како и да ги утврди околностите за постапувањето на институциите за следните трагедии/несреќи: пожарот во објект – ноќен клуб/кабаре во Кочани; – пожарот во модуларната болница во Тетово; – сообраќајната несреќа на „Дурмо Турс“ во Ласкарци; и – сообраќајната несреќа на „Беса Транс“ во Бугарија.

77 – те потписи се доказ дека ние не сакаме да ги политизираме овие трагични настани туку сакаме да помогнеме засегнатите да добијат правда. Сите прашања мораат да бидат одговорени, а сите случаи треба да го добијат неопходниот епилог.

Анкетната комисија ќе се формира врз основа на член 124, став 5 од Деловникот на Собранието. Ќе ја сочинуваат 15 членови и нивни заменици, од кои: седум членови ќе бидат предложени од пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ, два од пратеничката група СДСМ, два члена од пратеничката група ЕВРОПСКИ ФРОНТ, два члена од пратеничката група на ВРЕДИ, еден член од пратеничката група на ЗНАМ и еден член од пратеничката група на ЛЕВИЦА.

Со неа ќе претседава пратеник од редовите на опозициските партии. Форматот, односно составот е клучната разлика, што ја прави оваа комисија деловничка и легитимна, за разлика од некои други обиди во минатото.Само на овој начин може да дојдеме до резултат и конкретен одговор на секое прашање. Комисијата ќе изготви наоди кои ќе бидат основ за поведување на постапка за утврдување на одговорност на сите инволвирани кои придонеле кон случување, односно не придонеле кон спречување на овие трагични настани“, посочи Стојаноски.

Стојаноски истакна дека секоја пратеничка група има право да предложи листа од сведоци и експерти.

„Секој сведок или експерт поканет да даде изјава пред Анкетната комисија има обврска да се појави пред пратениците.Притоа, комисијата ќе изготвува извештаи кои ќе се доставуваат до Владата на Република Македонија и Јавното обвинителство. Јавно ги повикувам пратениците и од другите политички партии да се приклучат кон оваа иницијатива и активно да придонесат во нејзината работа, се со цел да направиме вистински чекор напред кон поправедна држава“, нагласи Стојаноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за одлуката на судот во Стразбур: Мораме да се срамиме поради малкумината судии кои го контаминираат нашето судство
Следна Статија Оваа недела ќе легнат парите од Мој ДДВ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се повеќе граѓани од странство нудат бесплатно сместување и превоз за семејствата на повредените во пожарот во Кочани

Се поголем број граѓани од странство нудат бесплатно сместување и превоз за семејствата на повредените од пожарот во Кочани. На…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе обезбеди 700.000 евра за реконструкцијата на најстариот спортски комплекс во Куманово „Соколана“

Владата ќе одвои 700.000 евра за реконструкција на кумановска „Соколана“, информираше денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој заедно со…

September 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Учество на претседателката Сиљановска Давкова на Самитот за климатски промени (КОП29) во Азербејџан

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова престојува во Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на Светскиот лидерски самит за акција во рамки…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Самит во Хрватска

Денес претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе учествува на самитот Украина Југоисточна Европа кој се одржува во…

October 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?