Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојаноски објави план на ВМРО-ДПМНЕ за помош на Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Стојаноски објави план на ВМРО-ДПМНЕ за помош на Кочани
МАКЕДОНИЈА

Стојаноски објави план на ВМРО-ДПМНЕ за помош на Кочани

Објавено May 22, 2025 14:18
Сподели
Сподели

Ние нашиот став го соопштивме. И не сакаме да влеземе во сценариото на политизација на трагедијата во која СДСМ упорно сака да не внесе. Владата од првите минути по страшната трагедија е во целосна поддршка на сите засегнати од трагедијата. Од транспорт на повредените, до ставање на сите капацитети во корист на истрагата, до поддршка и реална помош, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

Ваквата реакција доаѓа откако пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски, изјави дека СДСМ повторно го поднела законот за поддршка на настраданите во Кочани.

Стојаноски го објави планот на власта на помош на Кочани.

„Нашиот план за поддршка на засегнатите е следниот: 1. Ќе ги дуплираме средствата од Владата за помош на општина Кочани и реализација на проекти. 2. Водиме преговори со инвеститори да отворат капацитети во Кочани или во непосредната близина. Премиерот Мицкоски најави 2 нови инвестиции и проширување на една актуелна постоечка во близина на Кочани, со 1.000 нови вработувања. З. Ги покриваме трошоците и лекувањето и ќе продолжиме да го правиме истото“, рече Стојаноски.

Тој увери дека здравствениот систем ќе биде посветен и мотивиран да помогне на овие луѓе

„Самиот аргумент зошто политизираат е кога ќе видите кои ликови ја соопштија веста за овој закон. Венко Филипче и Оливер Спасовски. На Спасовски му се случија Ласкарци, Беса Транс, Модуларната клиника, Онкологија. Никој не беше уапсен. Ниту еден. Со ниту една поднесена кривична пријава“, рече Стојаноски.

Според него, Оливер Спасовски да поднесе ваков закон е исто како Зоран Заев да поднесе закон за враќање на името или како Венко Филипче да поднесе Закон за одговорност за модуларните клиники.

„Премиерот Христијан Мицкоски остави средба со најголем дел од родителите и ќе продолжи да се сретнува. Имаме организиран и системски пристап. Никој нема да биде оставен сам. Поддршка ќе има, ама и одговорност“, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Потпишан ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО, тежок 6 милијарди евра (ВИДЕО)
Следна Статија Стотици активисти бараат Велика Британија да се врати во ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мирен собир во Паркот на Револуцијата во Кочани

Шест дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, граѓаните на Кочани денеска во 15 часот во Паркот на Револуцијата организираа…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во секое време сум подготвен на разговор за каква било идеја за национално помирување

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА нагласува дека е подготвен во секое време да разговара со кој било…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Антикорупциската комисија jа запре постапката за имотниот лист на Филипче, не криел податоци

Антикорупциската комисија jа запре постапката за имотниот анкетен лист на пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче. По проверките во…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?