Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојаноски: Предложените измени на Законот за минерални суровини не се никаква закана за животната средина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Стојаноски: Предложените измени на Законот за минерални суровини не се никаква закана за животната средина
ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: Предложените измени на Законот за минерални суровини не се никаква закана за животната средина

Објавено April 25, 2026 15:46
Сподели
Сподели

Во јавноста се појавија одредени шпекулации во врска со предложените измени на Законот за минерални суровини. Сметаме дека е важно, јасно, прецизно и транспарентно да ги објасниме фактите, затоа што дел од изнесените тврдења не соодвествуваат со содржината на самиот закон.

Најнапред, клучно е да се нагласи: овие измени не претставуваат дерегулација, ниту намалување на заштитата на животната средина. Предложените измени се прецизно таргетирани, ограничени по опфат и јасно дефинирани, и се однесуваат исклучиво на јавни претпријатија, односно субјекти врз кои државата има директна или индиректна контрола, и на минерални суровини од јавен интерес, пред сè енергетски минерали (како јагленот) и други ресурси со стратешко значење за државата, изјави на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Што точно се менува? Прво, со измените се воведува дополнителна контрола од страна на Владата. Во член 10 се предвидува дека за одредени категории минерални суровини од јавен интерес, Владата дава претходна согласност во постапката за доделување концесија за детални геолошки истражувања. Ова не е олеснување на процедурите, туку напротив – вклучување на највисокото ниво на одлучување, што значи поголема одговорност и институционална контрола.Ова значи повисоко ниво на контрола, а не либерализација.

Второ, измените овозможуваат во постапката за добивање дозвола за експлоатација да се земе предвид и одлука за поведување постапка за експропријација, но исклучиво во случаи кога станува збор за проекти од јавен интерес.

Важно е да се потенцира дека: експропријацијата не е нов механизам – таа е веќе уредена со закон и се применува со јасно утврдени правила и заштита на правата на граѓаните. Со ова решение, не се укинуваат имотно-правните односи, туку се овозможува поефикасно усогласување на постапките за проекти од стратешко државно значење, или поврзување со постапката за експропријација.

Во постапка за добивање дозвола за експлоатација, како доказ може да се користи и одлука за поведување постапка за експропријација, но исклучиво за проекти од јавен интерес. Прецизирање на постапките, не нивно олеснување. Измените имаат за цел да ги отстранат практичните административни пречки и да овозможат поефикасна реализација на проекти од јавен интерес, без да се менуваат суштинските услови.

Трето, измените имаат за цел да ги надминат практичните административни пречки кои досега ја отежнуваа реализацијата на проекти од јавен интерес, особено во енергетскиот сектор. Тоа значи, прво, поефикасна постапка – но не и пониски стандарди.

Што не се менува? Ова е особено важно за јавноста. Со овие измени не се укинува обврската за студии за влијание врз животната средина, не се намалуваат еколошките стандарди, не се укинуваат инспекциските контроли, не се менуваат обврските за управување со отпад и води. Сите постојни механизми за заштита на животната средина остануваат целосно на сила.

На што се однесуваат измените? Согласно закон, минералните суровини се добро од општ интерес и сопственост на државата. Во член 4 јасно е утврдено дека од јавен интерес се, меѓу другото, енергетските минерални суровини, како што се јагленот и други енергетски ресурси, како и други минерали од стратешко значење. Измените се однесуваат токму на овој сегмент – односно на ресурси кои се директно поврзани со енергетската стабилност и стратешките проекти на државата.

Во однос на тврдењата за „олеснување на концесии“ сакаме јасно да потенцираме, не се отвора простор за неконтролирано доделување концесии. Напротив – се зајакнува улогата на државата, особено во делот на носење на одлуки и координација. Постапките и понатаму се спроведуваат согласно закон, со сите потребни дозволи, контроли и надзори.

Во однос на постапката – Законот се предлага по скратена постапка бидејќи не станува збор за нов системски закон, туку за ограничени измени кои произлегуваат од практичната примена на постојниот закон.

Почитувани,

Природните ресурси се јавно добро од стратешко значење. Токму затоа, обврска на државата е да обезбеди јасни правила, институционална контрола и ефикасни постапки.Овие измени одат токму во таа насока. Тие не ја намалуваат заштитата – туку создаваат услови државата поодговорно, поефикасно да управува со ресурсите што им припаѓаат на сите граѓани.

Клучно е да се нагласи дека не се менуваат еколошките стандарди, не се укинува обврската за студии за влијание врз животната средина, не се намалуваат механизмите за инспекциски надзор и контрола и не се отвора простор за неконтролирано доделување концесии на приватни субјекти.

Токму спротивно од тврдењата, измените ја зајакнуваат улогата на државата во управувањето со ресурсите од стратешкото значење. Со нив се обезбедува координирано и контролирано користење на ресурсите, понатаму се дава предност на јавниот интерес преку институции под државна контрола и се создава правна рамка за реализација на проекти од стратешко значење, особено во енергетиката, изјави Стојаноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски уверува дека на патот Кичево-Охрид му се гледа крајот
Следна Статија Македонски државјанин изнајмил стан во Валона и го претворил во „база за дрога“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Досега најсилен раст во авиосообраќајот, воведовме 23 нови линии, имаме рекордна бројка на патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа…

February 19, 2026
ЕКОНОМИЈА

Финансии: Условите се транспарентно објавени за пласман на средствата од унгарскит заем за компаниите и нема ризик врз Буџетот

Средствата обезбедени од унгарскиот заем за поддршка на домашната економија, односно домашните компании се одвива врз основа на услови кои…

May 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви

Обезбедивме средства од Европската банка за обнова и развој со кои ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви, модернизирање на…

November 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поставен нов софистициран скенер во ЦИ Пошти – голем чекор напред во борбата против шверц на оружје и дрога во поштенски пратки

Со капацитет за скенирање стотици поштенски пратки во минута со помош на вештачка интелигенција, скенер поставен во Царинска испостава Пошта…

December 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?