Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојаноски: Скандалот со прислушкувањето е многу сериозен и се граничи со државен удар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Стојаноски: Скандалот со прислушкувањето е многу сериозен и се граничи со државен удар
МАКЕДОНИЈА

Стојаноски: Скандалот со прислушкувањето е многу сериозен и се граничи со државен удар

Објавено September 6, 2025 09:41
Сподели
Сподели

Во вчерашната емисија „Ставот на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој истакна дека политичката ситуација во Македонија е стабилна, но во однос на аферата со прислушкувањето на политичари, бизнисмени и новинари посочи дека тоа претставува сериозен скандал кој опфаќа злоупотреба на државни ресурси за оперативно следење и претставува државен удар.

„Се работи за тоа дека Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање во периодот од пет години помеѓу 2019 и 2024 злоупотребувала државни ресурси за оперативно следење и оперативна обработка на лидерот на опозицијата на бизнисмени, на новинари, на медиуми. ЈО одбива да даде повеќе информации, ние не знаеме дали ќе биде оформен предмет, ваков сериозен скандал се граничи и со државен удар, бидејќи вие ако злоупотребите една ваква служба и ресурсите на државниот систем, за да вие правите опсервација на лидер на опозиција, на бизнисмени, на новинари, без претходно да имате добиено дозвола согласно законите од обвинителството, вие правите и државен удар. Треба тие лица кои тоа го дозволиле и коишто тоа го знаеле да бидат повикани на одговорност и да се запрашаат“, рече Стојаноски.

Пратеникот Стојаноски во емисијата истакна дека со целиот овој скандал се отвораат повеќе прашања, за тоа како и зошто тие лица се избрани за прислушкување, каде завршувале информациите и која била целта на наредбодавачот.

„Тука се отвораат и многу посериозни прашања, прво кој ја дал наредбата овие лица да бидат обработени, второ како токму тие лица биле избрани, трето каде овие информации завршувале, во чии раце, зошто било тоа направено и на крај која е главната цел на тој што бил наредбодавач. Сметам дека ова е еден од многу сериозните скандали што се случувале во режија на разузнавачките служби во оваа држава“, вели Стојаноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Српските полицајците сакаа да ги растераат граѓаните, но самите паднаа на колена
Следна Статија Трамп размислува за воени напади врз нарко-картелите во Венецуела, Мадуро најави вооружена борба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од денеска едночасовни блокади на сообраќајот на родителите на жртвите во „Пулс“

Од денеска, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“. Блокадите…

October 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сопругата на Иле Гоцевски: Премиерот лично дојде да ја сподели нашата болка и да изрази почит кон мојот сопруг

Една година од трагедијата. Го загубив мојот сопруг, човек кој беше мојата сила, мојата поддршка и мојата најголема љубов, напиша…

March 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ги повика сите пратеници да гласаат за распуштање на Судскиот совет

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска од Велес ги повика сите парламентарни политички партии заеднички да работат на реформи во…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поранешен бугарски политичар бара воведување санкции за Македонија

Поранешниот бугарски пратеник Велизар Енчев побара Бугарија да воведе санкции кон Македонија, обвинувајќи ја за систематско непријателство и кршење на…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?