Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојаноски: Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалицира со ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Стојаноски: Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалицира со ДУИ
ПОЛИТИКА

Стојаноски: Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалицира со ДУИ

Објавено August 27, 2025 17:15
Сподели
Сподели

Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со празни бројки и манипулации да ја прикрие вистината: Македонија денес е држава на стабилни финансии, држава која по години пустош и корупција почна да се обновува и држава која ја враќа довербата во институциите, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во врска со претходно изнесените ставови на Филипче за состојбата во економијата.

-Како што тврдевме, така и испадна. Денеска Филипче јавно најави коалиција со ДУИ. Прашањето е едноставно: Што толку има ДУИ за него и за Заев, за да не можат да се тргнат од нивниот скут? Секојдневно зборуваат за „ново раководство“ и „автентични одлуки“, а на крајот повторно се враќаат кај старите партнери во криминал и во корупција, истакна Стојаноски.

Тој праша и зошто Филипче не собрал храброст да одговори чива е јахтата на која го поминал целото лето.

-Наместо да глуми жртва на пропаганда, нека ја каже вистината. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не рекло дека јахтата е негова, туку дека е на неговиот ментор, оној кој и денес го контролира. Народот тоа јасно го гледа, рече Стојаноски.

Тој истакна дека останува и дилемата со кого Филипче го поминал цело лето.

-Со кого беше на одмор целото лето? Со кого не разговарал за политика, туку можеби за „природата на универзумот“? Граѓаните заслужуваат искрен одговор, а не бегство од вистината зад празни флоскули. Филипче зборува за економија, замислете истиот тој кој беше дел од владата што ја донесе највисоката инфлација во историјата на државата, најскапата струја и гориво, сиромаштија и задолжување за генерации нанапред. Под нивните политики, народот преживуваше со рекордно поскапување на лебот и основните продукти. Денес тој зборува за „стандарди“, истиот кој ја претвори македонската здравствена заштита во пепел, со крвави тендери, со аферата „Модуларна болница“, со јахти, со шеми и со договори во четири очи, рече Стојаноски.

Тој нагласи дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ, од јули 2024 до јуни 2025, номиналниот раст на просечната нето-плата е 10.1 отсто, а реалниот раст е 6.5 отсто. Во времето на СДСМ, од 2017 до мај 2024, додаде пратеникот, номиналниот раст е 8.2 отсто, а реалниот раст едвај 3.5 отсто.

Стојановски посочи и дека просечната стапка на инфлација под СДСМ била 4.7 отсто, а под ВМРО-ДПМНЕ е 3.6 отсто.

-Најдрско е што Филипче ја обвинува Владата за инфлацијата и сиромаштијата, а токму тој и неговата банда се симбол за економска несигурност, криминал и корупција. Под СДСМ, Македонија беше држава на невработеност, затворени фабрики и контрола од криминални елити. Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува стабилност, нови инвестиции, нови работни места и вистински економски раст, нешто што СДС не знае ни да го замисли, а камо ли да го спроведе, нагласи Стојаноски.

Филипче зборува за „чест“ и „борба за граѓаните“, додаде тој, а го видовме како ужива на јахти, во друштво на транзициски олигарси, додека народот едвај врзуваше крај со крај.

-И денес, наместо да одговори чива е јахтата, тој се заплеткува во лаги и полувистини. Народот го гледа тоа и знае дека СДС е партија на тајкуни и тендери, а не партија на граѓаните. За коалиции? Филипче сам призна дека СДС и ДУИ повторно се едно исто. Две партии без легитимитет, без идеи и без визија, кои знаат само да се бранат зад етнички поделби и криминални интереси. Македонија им сврте грб и тоа ги боли, истакна пратеникот Стојаноски.

Тој додаде дека најголемата вистина е дека СДСМ нема што да понуди, нема политика, нема програма, нема енергија и затоа единствената стратегија и е хаос, дезинформации и клевети.

-Македонските граѓани одамна ја разбраа играта на Филипче и неговите ментори. Затоа СДСМ е четврта партија со 6 отсто рејтинг, а ВМРО-ДПМНЕ е таа што ја води државата кон стабилност, економски раст и европска иднина. Филипче може да држи уште илјада вакви пресови, но едно ќе остане факт: Народот не живее од неговите лаги и ПР-празнословија, туку од реалните политики и резултатите кои Владата ги испорачува секој ден, истакна Стојаноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Турската полиција заплени накит и антиквитети вредни 25 милиони евра во рација во Истанбул
Следна Статија Измените и дополнувањата на Законите за сообраќај и за странци го поминаа комисискиот филтер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ постоела, постои и ќе постои за нашата единствена и најголема кауза -МАКЕДОНИЈА!

Денес кога ја одбележуваме јубилејната година од основањето на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, на денот кога го славиме не само бројот…

June 17, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Лефков: Структури од СДС со бугарските служби напаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

До нас стигнаа информации кои укажуваат на јасна поврзаност на бугарската антимакедонска пропаганда и политички структури поврзани до и од…

July 20, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Живеачката станува неподнослива

 По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока, туку…

June 22, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Не сум во преговорите со Бугарија само колку да се учествува, туку да се избориме, Делчев за мене е титан на македонската борба

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ на „Канал 5“ телевизија, говорејќи за преговорите со Бугарија,…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?