Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојанче ги натепал и ги оставил Ивана и Катја ноќе среде пат, сведочи мајката на жената што падна од балкон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Стојанче ги натепал и ги оставил Ивана и Катја ноќе среде пат, сведочи мајката на жената што падна од балкон
ХРОНИКА

Стојанче ги натепал и ги оставил Ивана и Катја ноќе среде пат, сведочи мајката на жената што падна од балкон

Објавено March 30, 2026 17:31
Сподели
Сподели

Љубица Стојановска, мајката на починатата Ивана Јовановска, денеска пред судот детално ја опиша ситуацијата што претходела на одлуката за разводот меѓу Ивана и Стојанче Јовановски.

Таа сведочеше за ситуација, каде среде ноќ, на автопат, Јовановски ги оставил својата ќерка Катја и сопругата затоа што Ивана, враќајќи се од свадба во Штип, не се исклучила на точната клучка.

„Ивана направила грешка каде да се исклучи, Стојанче се изнервирал и ги избркал од автомобилот, ја удирал и клоцал. Катја рече: „И мене, бабо, ме удри“. Биле оставени на автопатот во 1 часот по полноќ. Се јави кај Мартин Саздов, пријател на Стојанче, кој ги зема и однесе дома“, сведочеше Стојановска.

Мајката посочи дека и покрај насилството, Катја била искрено приврзана за својот татко и никогаш не изразила агресивност кон него.

Стојановска раскажа и за напад на Ивана во летото минатата година, кога таа влегла во станот за да земе облека и била физички нападната од сопругот, со модринки на рацете и вратот.

Мартин Саздов ја повикал нејзината мајка, која веднаш ја пријавила ситуацијата во полиција. Ивана подоцна била повикана во полициска станица Карпош, каде што биле документирани повредите.

Таа исто така опиша дека Јовановски не дозволувал Ивана да стави тротинет во гепекот на колата, па таа морала да го вози следејќи го автомобилот, како уште еден показател за контролата и стравот кој го чувствувала.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Горивата поевтинуваат, бензинот падна за 3 денари, дизелот останува со иста цена
Следна Статија Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Трагедија во Скопје: Почина десетмесечно бебе

На 06.12.2024 околу 16.45 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Чаир било пријавено дека кај нив без знаци на живот,…

December 7, 2024
ХРОНИКА

Скопјанец со сатар и нож сакал да влезе во Кривичниот суд во Скопје

Вчера во 10.00 часот до СВР Скопје стигнала пријава дека во Основен кривичен суд Скопје, при преглед за влез, во…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Давидовиќ: ДЗС нема надлежност за инспекција на угостителски објекти

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, бранител на обвинетиот поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, ви случајот „Пулс“…

March 12, 2026
ХРОНИКА

Дојави за бомби во повеќе основни училишта во Куманово

Во повеќе основни училишта во Куманово попладнево пристигнале дојави за наводно поставени бомби во училиштата, потврдија од Секторот за образование…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?