Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стручни лица од ИЈЗ викендов ги анализираат примероците од Гостивар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Стручни лица од ИЈЗ викендов ги анализираат примероците од Гостивар
ЗДРАВЈЕ

Стручни лица од ИЈЗ викендов ги анализираат примероците од Гостивар

Објавено July 18, 2026 16:28
Сподели
Сподели

Институтот за јавно здравје, соопшти попладнево дека по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш е излезено на терен на посочените локации во Гостивар и земени се примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи. По враќањето на екипата на ИЈЗ од терен, во раните утрински часови во четврток, веднаш се отпочна постапката за анализа на примероците.

-Согласно известувањето од ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар за нагло зголемен број пациенти со гастроинтестинална симптоматологија, а со цел анализите да бидат изработени стручно и навремено, стручни лица од Институтот и викендов се на работа и ги анализираат примероците. Резултатите од анализите ќе бидат доставени до барателот, Јавното обвинителство, за натамошно постапување – нагласија од ИЈЗ.

Институтот за јавно здравје истакнува дека е во постојана комуникација и координација со надлежните државни институции.

Агенцијата за храна и ветеринарство вчера издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба.

Од управата на гостиварската Општа болница потврдија дека изминатите денови за медицинска помош заради стомачни тегоби се јавиле над илјада граѓани. Случајот со водата за пиење од градскиот водовод стана актуелен откако деновиве беше регистриран зголемен број граѓани кои побарале медицинска помош поради стомачни тегоби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Голем пожар во Норвешка: Изгореа над 100 куќи, нема жртви
Следна Статија Српската министерка по скандалозната изјава: „Требаше да кажам депортација, а не етничко чистење…“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Набавени 80.000 вакцини против сезонски грип – Еве кога почнува имунизацијата

Министерството за здравство информира дека е потпишан договор за набавка на 80.000 вакцини против сезонски грип. Во текот на следната…

October 2, 2025
ЗДРАВЈЕ

Дали треба да се мијат бананите?

Пред да каснете јаболко или да додадете бобинки во овесната каша, проверете дали сте ги измиле. Кога станува збор за…

November 11, 2024
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Пронајдени се бактерии кај минерална вода увезена од Косово, ќе се „чешлаат“ и безалкохолните пијалаци

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови…

March 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во Бугарија и Грција има најмногу пушачи, најмалку во Шведска

Според најновите податоци на Евростат (2023) и Европскиот парламент, пушењето во Европската Унија останува значаен здравствен предизвик, иако трендот на…

June 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?