Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студенти од Ниш утре пеш тргнуваат за Белград
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Студенти од Ниш утре пеш тргнуваат за Белград
БАЛКАН

Студенти од Ниш утре пеш тргнуваат за Белград

Објавено March 8, 2025 20:57
Сподели
Сподели

Студентите од Универзитетот во Ниш кои се пријавиле дека пеш ќе одат на протестот што ќе се одржи во Белград на 15 март, утре во 6 часот со автобус ќе заминат до манастирот Манасија кај Деспотовац, а потоа оттаму во текот на претпладнето ќе се упатат кон главниот град на Србија.

Најавено е дека студентите ќе пешачат прво до Свилајнац, потоа до Смедеревска Паланка, Пожаревац, Смедерево, Баваниште, Панчево и до Белград.

Студентите кои се пријавиле да патуваат до Белград со велосипед ќе тргнат на протестот в понеделник на 10 март.

Велосипедистите ќе патуваат по патеката што води од Ниш преку Вукашиновац, Крушевац, Мрчајевци, Чачак, Горњи Милановац, Љиг, Лазаревац и Обреновац, до Белград.

Неформална група студенти од Универзитетот во Ниш која организира протести и блокади ги повика граѓаните на Ниш да учествуваат на утрешниот протест пред градското собрание кој ќе биде организиран под наслов „Несреќните 13“.

Како што е најавено, нема да има протестен марш, туку акцентот ќе биде ставен на сеќавањето на корупциските скандали кои ги одбележаа последните 13 години од животот на луѓето во Србија, пренесе Бета.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Луѓето кои никогаш не се дебелеат го практикуваат овој генијален трик за појадок
Следна Статија Маж од Јосифово со остар предмет му нанел убодна рана на соселанин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Се чека само Коста да излезе од затвор: „Нетфликс“ подготвува филм за масакрот, родителите се бесни

Зборувајќи на годишнината од масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“, Анѓелко Аќимовиќ, татко на убиената Ангелина, во подкастот „Бележница душе“ изнесе…

May 12, 2025
БАЛКАН

Трагедија во Црна Гора: Брат и внук убиени на плажа во Будва, уапсен 65-годишен маж

Тешко кривично дело го потресе Црногорското приморје откако утринава на плажата Словенска во Будва беа убиени татко и син, а…

July 26, 2025
БАЛКАН

Романската полиција изврши претрес во домови поврзани со Георгеску

Романската полиција денеска изврши претрес на неколку домови како дел од истрага за наводни нерегуларности при победата на крајнодесничарскиот кандидат…

December 7, 2024
БАЛКАН

Метар квадратен во „Белград на вода“ 9.125 евра, најскапиот платен паркинг 60.000 евра

Цената на метар квадратен во „Белград на вода“ во вториот квартал годинава достигна 9.125 евра, што го прави најскап во…

October 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?