Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студирањето во својата земја е најдобар избор, кажа министерката Јаневска на првиот академски час на УКИМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Студирањето во својата земја е најдобар избор, кажа министерката Јаневска на првиот академски час на УКИМ
МАКЕДОНИЈА

Студирањето во својата земја е најдобар избор, кажа министерката Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Објавено October 1, 2025 17:13
Сподели
Сподели

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на првиот академски час ја поздрави новата генерација студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Сите вие кои верувате дека токму тука ќе добиете знаења, вештини и поддршка за да израснете во лидери кои ќе ја водат Македонија во 21 век, сте на вистинското место, во својата земја, на најстариот универзитет, каде професорите имаат одговори на сите ваши прашања и подготвени се вашиот ентузијазам да го насочат кон дисциплина и одговорност да изградите капацитети за живот во свет што брзо се менува“, рече Јаневска.

Во присуство на ректорката Биљана Ангелова, проректорите, деканите и професорите, како и на претседателот на Националното студентско тело Александар Николовски, министерката Јаневска укажа дека институциите се посветени на подобрување на квалитетот на домашното високо образование и креирање услови за подобар живот на младите во сопствената земја.

Посакувам да останете во својата земја и по студиите. Тука да ја изградите својата и семејната иднина. Тоа е единствениот пат што води кон просперитет на Македонија“, ги повика студентите Јаневска.

Посочи дека во изминатиот период се донесени низа мерки за подобар студентски стандард, за поголема финансиска поддршка и осовременување на студиските програми.

Успеавме да ја откочиме реконструкцијата на студентските домови Стив и Кузман, како и изградбата ФИНКИ и Факултетот за физичка култура. Го проширивме опфатот за студентски оброк, работниот однос на студентите повеќе не е услов за да ги добиваат средствата. Очекувам следната година да имаме ново покачување на дневниот износ. На студентите им се на располагање 3100 стипендии во повеќе категории, а постапките за аплицирање, како и оние за сместување во студентски домови, се целосно дигитализирни, рече Јаневска.

Министерството за образование и наука го реши повеќегодишниот проблем со бесплатниот јавен превоз на студенти во главниот град. Донесен е и Законот со кој студентите на државните и приватните факултети ќе добијат вредносни ваучери за обезбедување на персонален компјутер, таблет или лаптоп, и редовните и вонредните студенти. Јаневска нагласи дека со новиот Закон за високо образование кој е во подготовка, високото образование ќе биде поставено на цврсти темели.

Ова е првата генерација студенти која ќе може бесплатно да ги користи научните бази Web of science и Scopus за работа на научни и стручни трудови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сијарто ја обвини ЕУ за двојни аршини кон Македонија
Следна Статија Судот го одложи судењето, Штекли добил епилептичен напад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа: Ова е историски ден, рамо до рамо со денот кога се прогласи независноста

Ова е историски ден, би рекол рамо до рамо со денот кога се прогласи независноста, изјави премиерот Христијан Мицкоски за…

January 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Свлечиште сруши дел од патот среде Галичник

Во Галичник на патниот во правец кон хотел Неда и Старацрков после мостот има свлечиште кое го отежнува движењето на…

April 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на осуммината бранители, припадници на резервниот состав…

August 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес попладнево повторно ја стресе Струмица

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?