Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски
ХРОНИКА

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

Објавено June 20, 2025 09:11
Сподели
Сподели

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство претходно побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, додека, за таткото на Вања побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.

Во завршниот збор, бранителот на Александар Ѓорчевски, адвокат Владимир Туфегџиќ, оцени дека обвинението против Ѓорчевски е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат своја поткрепа во доказите на обвинителството. Тој посочи дека одбраната докажа дека токму неосновано обвинетиот Александар како татко на детето Вања е жртва и оштетен во оваа постапка заедно со мајката Зорица и неговото семејство и докажа дека тој во критичниот период постапил на начин на кој би постапил секој родител во ситуација кога се трага и бара неговото исчезнато дете.

Бранителот на обвинетиот Велибор Манев, адвокат Горан Бошевски, побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување. Според адвокатот, не постоел договор за убиства и оттаму нема умисла за извршување таков вид кривични дела.

Ослободителна пресуда побара и адвокатот Бојан Манев, бранител на обвинетиот Боре Видевски, посочувајќи дека обвинителството не ја докажало вината на неговиот клиент. Според него, правецот по кој што е водена истрагата за овие кривично правни настани е целосно погрешен, а сите признанија се изнудени.

Бранителот на обвинетиот Влатко Кешишев, адвокат Игор Ефремов, исто така, побара ослободителна пресуда за неговиот клиент со образложение дека тој не само што не учествувал, туку ниту знаел, ниту имал намера тоа да се случи. Евентуална вина, како што посочи, може да сноси само за грабнувањето на Вања.

Претходно Обвинителството побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека, за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна. Според нив, нема олеснителни околности, а нивните постапки дополнително ја трауматизираат јавноста. Како што наведоа, Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, не сакал да ѝ наштети, но учествувал во киднапирањето, Велибор Манев призна учество во двете убиства, Боре Видевски првично призна вина, но подоцна негираше, Влатко Кешишев се обиде да се прикаже како послушник, но доказите покажуваат активна улога, а Љупчо Палевски се смета за организатор кој креирал алиби и уништувал докази.

По завршните зборови на Основното јавно обвинителство, правните застапници на оштетените семејства пред судот изјавија дека во целост го прифаќаат барањето на Обвинителството, се приклучуваат кон кривичното гонење и бараат имотно правно побарување.

Завршен збор денеска треба да дадат обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски, а потоа и одбраната на Љупчо Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Обвинетите на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни, а првообвинетиот Палевски низ процесот тврдеше дека ова е политички монтиран процес.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Просекот на поминување по пругата сега е 12 часа, затоа ни е потребна изградба на нова, брза пруга
Следна Статија Николоски најави ослободување од визи за Велика Британија за три категории граѓани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Раде Трајковски-Штекли оди во затворот во Шутка – одреден му е притвор од 30 дена со уште девет лица

Судија на претходна постапка им одреди триесетдневен притвор на Раде Трајковски – Штекли и уште девет лица осомничени за трговија…

January 20, 2025
ХРОНИКА

Поднесено обвинение против Филип Андов -Сокол, директорот на СДСМ на затворот „Шутка“

Осум вработени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Шуто Оризари се соочуваат со обвиненија за тешка злоупотреба на службената положба,…

July 8, 2025
ХРОНИКА

Жител од тетовско отишол на средба со девојка, го пречекале со автоматска пушка

„Денеска (20.03) во СВР Скопје А.И.(27) од село Церово, тетовско, пријавил дека претходниот ден околу 18:10 часот откако пристигнал во…

March 20, 2025
ХРОНИКА

Ужас: Вонбрачен партнер фрлил жена и деца од возило кои 3 дена по ред ги тепал

39-годишна жена и нејзините две малолетни деца се здобиле со тешки телесни повреди во Аеродром, откако биле исфрлени од возило,…

March 8, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?