Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судење за „Пулс“: Нацев тврди дека е жртва на медиумски линч, одбраната негира дека тој е сопственик на „Рубикон“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судење за „Пулс“: Нацев тврди дека е жртва на медиумски линч, одбраната негира дека тој е сопственик на „Рубикон“
МАКЕДОНИЈА

Судење за „Пулс“: Нацев тврди дека е жртва на медиумски линч, одбраната негира дека тој е сопственик на „Рубикон“

Објавено December 25, 2025 12:56
Сподели
Сподели

Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Во својот воведен збор, обвинетиот Александар Нацев ги отфрли сите обвиненија, нагласувајќи дека девет месеци бил жртва на јавен линч и дека обвинението претставува „брутално силување“ на законите.

Одбраната на Нацев тврди дека во текот на постапката ќе докаже оти тој не бил ниту одговорно лице, ниту реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, туку само вработен како консултант поради неговата експертиза во безбедноста.

„Морам да констатирам дека дури и Џорџ Орвел би можел да позавиди на ваквата конструкција. Со непобитни докази ќе го укажеме отсуството на каква било вина кај мене. Во време на трагичниот настан, јас воопшто не бев во државата“, изјави Нацев пред судот.

Адвокатот Дејан Стојчев додаде дека агенцијата „Рубикон“ ноќта на пожарот немала никаков договор за обезбедување на објектот, ниту пак вработените биле задолжени да го контролираат бројот на гости или безбедносната опрема. Со денешните излагања завршија воведните зборови, по што започнува доказната постапка со сослушување на оштетените сведоци.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Навреди кон новинарот Геровски, упати СДСМ во денешното соопштение
Следна Статија Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише балансерот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ковачки: По она што го видов во службите, ОЈО треба да се издига на клоци ако не покрене обвинение

После денешната посета, тоа што може да го заклучам е дека јавното обвинителство треба да се „издига на клоци“. Ценам…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопјанката Светлана Мојсов, професорка на Универзитетот Рокфелер во САД, е лауреат на Светската награда на хуманизмот за 2025 година

Светлана Мојсов, професор на Универзитетот Рокфелер во САД, е годинешниот дубитник на Светската награда на хуманизмот, со која Охридската академија…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

МЕПСО ги прекинува сите донации и спонзорства до крајот на годинава

На седница на Управниот одбор на АД МЕПСО, предводен од Генералниот директор Бурим Љатифи, едногласно била донесена одлука да се…

November 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Се продава Соравиа со која оперира Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ

Извршителот Андреја Буневски по барање на доверител за спроведување на извршување од над 930 илјади евра, ја стави на продажба…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?