Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судир со над 200 километри на час: Драматични сведоштва на патниците по тешката железничка несреќа во Шпанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Судир со над 200 километри на час: Драматични сведоштва на патниците по тешката железничка несреќа во Шпанија
СВЕТ

Судир со над 200 километри на час: Драматични сведоштва на патниците по тешката железничка несреќа во Шпанија

Објавено January 19, 2026 18:16
Сподели
Сподели

Регионалните власти во Андалузија се соочуваат со огромен притисок поради размерите на тешката железничка несреќа што се случи синоќа во близина на местото Адамус, изјави претседателот на Андалузија, Хуан Мануел Морено. Тој оцени дека станува збор за „досега незабележана катастрофа“ која ги надминала капацитетите на локалната администрација.

Морено ја нагласи потребата од целосна координација меѓу општинските, покраинските и државните институции, со единствена цел – навремено да се стигне до погодените и да им се обезбеди помош. Настанот го опиша како „страшно тажен и болен“, кој, според него, ќе остави траен белег во Андалузија.

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој се обрати во близина на местото на несреќата, изрази сочувство до семејствата на настраданите и им се заблагодари на итните служби за нивната пожртвуваност. Тој најави тридневна национална жалост, која ќе започне на полноќ и ќе трае до четврток, и вети целосна транспарентност во истрагата.

– Ќе дојдеме до вистината и ќе ги пронајдеме одговорите, порача Санчез.

Сведоштвата на патниците ја отсликуваат драматичноста на несреќата. Една млада жена изјави дека возот се накривил на страна, по што „сè потонало во мрак“, а единственото што го слушала биле крици. Таа била извлечена низ прозорецот од други патници, додека нејзината сестра ја спасиле пожарникарите. Според неа, имало лица со лесни повреди, но и тешко повредени, за кои било јасно дека се во животна опасност.

Друг патник, Лукас Мериако, кој се наоѓал во петтиот вагон, опиша дека прво почувствувале вообичаено удирање по шините, по што вибрациите станале силни. Во моментот кога друг воз поминал во спротивен правец, следел силен удар, се искршиле прозорците, а патниците биле фрлени на подот.

Според последните информации од итните служби, 12 повредени лица сè уште се на одделите за интензивна нега, од кои девет се во тешка состојба. Досега од болниците се отпуштени 79 лица, додека 43 сè уште се на болничко лекување.

Извори од шпанското Министерство за транспорт наведуваат дека во моментот на сударот двата воза се движеле со брзина од околу 200 километри на час. Возот „Ирио“, кој прв излетал од шините, се движел со 204 км/ч, додека вториот воз со околу 209 км/ч. Сударот се случил за помалку од 30 секунди откако првиот воз излетал од шините.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Истанбул запленети приближно три милиони наркотични таблети
Следна Статија СДСМ: Стоилковиќ и Геровски – медиумски гасови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) „Спејс Икс“ на Маск ја лансираше единаесеттата ракета „Старшип“

„Спејс Икс“ на Илон Маск вчера ја лансираше својата единаесетта ракета „Старшип“ од „Старбејс“ во Тексас.   Starship's eleventh flight…

October 14, 2025
СВЕТ

(Видео) Немири во Турција: четврта ноќ на протести поради апсењето на Имамоглу, полицијата испука гумени куршуми

Демонстрантите кои се противат на апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, протестираа четврта ноќ по ред во тој град,…

March 24, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Директор на голема компанија е убиен на улица среде Менхетн во Њујорк

Извршниот директор на UnitedHealth попладнево бил застрелан во градите пред хотелот Хилтон во Мидтаун во, како што полицијата вели дека…

December 4, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Почеток на пожарот во Кран Монтана: Шанкерка качена на рамениците на шанкерот со пиротехника го запалила таванот, велат сведоци

Околу 40 лица загинаа, а стотина се повредени во пожар во преполн бар за време на новогодишната забава во луксузниот…

January 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?