Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судијката Даниела Димовска избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судијката Даниела Димовска избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје
МАКЕДОНИЈА

Судијката Даниела Димовска избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје

Објавено July 3, 2025 14:02
Сподели
Сподели

Судијката Даниела Димовска е избрана за вршител на должноста претседател на Основниот кривичен суд Скопје, откако претходниот претседател Иван Џолев беше избран за судија во Апелациониот суд. Одлуката е донесена на денешната седница на Судскиот совет.

Кандидатурата на Димовска ја предложи координаторката Данка Ристова, која во образложението посочи дека процедурата за избор е правно спорна поради начинот на оценување и недоволна усогласеност на прописите за назначување на в.д. претседатели. Сепак, Ристова истакна дека нејзиниот предлог е во согласност со постојната пракса, по што Димовска беше избрана со мнозинство гласови.

На истата седница, Судскиот совет донесе одлуки и за други вршители на должноста претседатели:

Елјеса Алији за Основен суд Гостивар
Мерсим Марку за Основен суд Дебар
Валентина Буревска за Основен суд Свети Николе

Нивните мандати започнуваат на 6 јули 2025 година.

Судскиот совет денеска разреши и дел од судиите поротници во судовите во Свети Николе, Основниот кривичен суд Скопје и Основниот граѓански суд Скопје, поради истек на мандатот.

Дополнително, беше изгласана одлука за формирање комисии за увид и оценка на пријавите по огласот за избор на редовни претседатели во судовите во Дебар, Гостивар и Свети Николе.

По предлог на членот на Советот, Селим Адеми, Советот донесе одлука за едногодишно делегирање на судијата Драган Јаковлески од Основен суд Битола во Основен суд Прилеп, со цел подобрување на функционирањето на судот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителство се откажа од обвинението против Максим Димитриевски
Следна Статија Бизнисменка од Кавадарци проневерила милион евра па ги запалила документите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тошковски: Ќе се кратат места во МВР, има повеќе функционери отколку работници

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 најави дека ќе се кратат работни места во…

January 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Розенкранц: Да не се дозволи билатералните прашања да застанат на патот, Шведска ќе ви биде поддржувач

Многу е важно да се фокусирате на тоа што сами можете да го сторите, да ги спроведете навистина потребните реформи,…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска комисија

Во следните 10 дена кандидатите кои имаат намера да ја предводат Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на…

August 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Новитет: Автомобил ќе може да се регистрира низ цела држава, не само во близина на МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ

Предлог-измените на Законот за возила, со кои се очекува да се олесни процесот на регистрација на возила, вчера го помина…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?