Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судскиот совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судскиот совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

Објавено January 20, 2026 16:31
Сподели
Сподели

Судскиот совет на Република Македонија соопштува дека на итна седница денеска ќе одлучува за одземање на имунитетот и за одобрување на предлогот за куќен притвор за апелациониот судија Ѓоко Ристов.

Судскиот совет на Република Македонија ќе ја одржи 535-та ИТНА седница на ден 20.01.2026 година (вторник) со почеток во 15,30 часот со предлог. На дневен ред е расправа и одлучување по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на предлог за куќен притвор, стои во соопштението од Советот.

Претходно денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот судија Ристов да му биде определена мерка куќен притвор.

Освен оваа мерка, како што дополнија, предложено е и определување на мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Осомничениот апелационен судија се товари за кривичните дела противправно стекнување и прикривање имот (чл. 359-а ст.3 во врска со ст.1), и перење пари и други приноси од казниво дело (чл. 273 ст.1) бидејќи во домот на неговите родителите во Неготино, полицијата пронашла 350.000 евра заѕидани во ѕид, за кои постои сомневање дека се незаконски стекнати.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ОЈО ГОКК бара куќен притвор за судијата Ристов, денеска бил сослушан
Следна Статија Фрчкоски смета дека СДСМ е мета на пропаганда од медиуми, а дека Жан Митрев бил „искористен“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: Во денови што следат ќе има добри вести кога станува збор за односите со САД

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посета на реконструираната спортска сала во Кратово даде изјава за медиумите. На новинарско прашање во…

January 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Активен е пожарот кај валандовско Грчиште, повредени двајца вработени на „Македонски шуми“

Во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имало вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои два сè…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

СВР Скопје ги известува граѓаните дека 13.04.2025 (недела) со почеток во 10.00 часот, поради одржување на улична трка, Единицата за…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки, моето извинување беше заради нивните неодговорни градоначалници

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека градинките во општините Липково и Арачиново…

December 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?