Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд

Објавено March 25, 2026 16:01
Сподели
Сподели

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 членови на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска се иззеде од точката на дневен ред.

Судиите, членови на Судскиот совет, кои ја поддржаа кандидатурата на Дика-Георгиевска, истакнаа дека таа ги исполнува сите услови за уставен судија, дека станува збор за професионалец кој има познавање на судовите од прв степен до највисоките судови, има личен и професионален интегритет, долгогодишно искуство, а дала и придонес за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем.

Судијката Елизабета Дуковска, која повторно се кандидираше за уставен судија, не ја доби поддршката од членовите на Судскиот совет, поради недоволен број години работно искуство, а една од забелешките се однесуваше и за придонесот за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем во последните години.

Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира Судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор. Судиите ги избира Собранието за време од девет години без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЗНМ реагира на однесувањето на новинарот кон министерката Јаневска
Следна Статија Труење во кујната на РЕК Битола – Над 80 лица побарале лекарска помош откако јаделе лазањи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Реконструкција на загинувањето на Гоце Делчев: Последниот пат од Солун до Баница

Како одела линијата на движење на Гоце од Солун кон селото Баница. Реконструкција на неговите последни денови, со кого се…

May 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се трошат милијарди евра, но имам чувство дека граѓаните не го добиваат заслуженото

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски го посети комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија,…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност и компетентност

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната седница на Собранието пред пратениците ги образложи нејзините предлози за избор на Алинда Кадри…

January 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?