Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судски совет: Даниела Алексовска донела законска одлука за Васил Јованов, возачот кое ја усмрти Фросина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судски совет: Даниела Алексовска донела законска одлука за Васил Јованов, возачот кое ја усмрти Фросина
ХРОНИКА

Судски совет: Даниела Алексовска донела законска одлука за Васил Јованов, возачот кое ја усмрти Фросина

Објавено February 27, 2025 08:21
Сподели
Сподели

Судијката Даниела Алексовска Стојановска  согласно законот за правда на децата му определила воспитна мерка на Васил Јованов за поседувањето дрога, утврди работна група од Судскиот совет која денеска го презентираше извештајот.

Нема сомнеж за пристрасност ниту имало законски основи судијката да се изземе. Тројцата членови од судски Данка Ристова, Антоанета Димовска, и Тања Чачарова Илиевска разговарале и со судијката Стојановска која им кажала дека нејзиниот сопруг работел во иста фирма со мајката на Јованов 2003 до 2008 во океански систем со 70 вработени, но не биле  пријатели ниту судијката ја познавала лично мајката.

Во однос на издадениот деловен објект на партијата СДСМ во Ранковце појасни дека бил издаден од страна на нејзиниот татко многу одамна, а кој бил починат од 2018 година, досега немале ништо променето во однос на тој договор за закуп, а моментално куќата се водела по една третина на судијата, нејзината мајка и сестра, информираше претседателката на работната група Данка Ристова.

По пресудата Јованов излегол од Шутка а судијката Стојановска објаснила дека притворот не  му го продолжила по пресудата затоа што таква била праксата, кога ќе се изрече казна  поправен дом но Ристова истакна дека работната група не можела да провери затоа што вакви предмети со заводска мерка на помлад полнолетник се многу ретки.

Во судскиот предмет нема податоци за осудуваност на Јованов ниту информација за сообракајката од 2023  која била затворена во обвинителството со парична казна потврдија и од Судски . Работната група направила увид и во кривичната пријава од МВР во која било посочено дека Јованов повеќе пати бил фаќан со сомнителна растителна материја но потоа не била вештачена. Кај него биа пронајдена и дигитална вага.

Cпоред одредбите од ЗКП  не се доказ во кривична постапка и овие податоци судијата правилно не ги зела во предвид при пресудувањето. Зошто овие дејствија преземени од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје не биле процесуирани со завршница е прашање за самите нив и за ОЈО Скопје, рече Ристова.

Судскиот совет го усвои извештајот но и препорака тој да биде испратен во обвинителството и Советот на јавни обвинители за да ги прочитаат согледувањата и за нивниот дел од работата. Дел од членовите се осврнаа и на казнената политика дали таа ги остварува целите и  потенцираа дека потребна е индивидувлаизација. Тоа што обвинетиот повеке пати бил фатен како постпаува спротивно на законот но не бил процесуиран според членот на судски Ивица Николовски ја наметнува дилемата дали целата вина може да биде на судовите или пак стнаува збор за поширока неодговорност и недоволна превенција.

Васил Јованов е во притвор за сообраќајката во која смртно ја прегази младата Фросина Кулакова на партизанска а го чека и правосилна казна за дрогата која апелаицја ја преиначи во 3 години и 10 месеци затвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На 39-годишна возраст почина познатата актерка Мишел Трахтенберг
Следна Статија Стармер: Сè уште сме во разговори за евентуално испраќање британски војници во Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанка нападната и ограбена од поранешниот партнер додека била на работното место

Денеска (01.09.2025) во 03:00 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека на 31.08.2025 околу 22:50 часот на…

September 1, 2025
ХРОНИКА

Инцидент на Скопскиот аеродром

Вчера попладне на Скопскиот аеродром се случил инцидент со кој бил нарушен јавниот ред и мир – двајца жители на…

November 25, 2024
ХРОНИКА

ЦУК: Брзо е пронајден планинар кој се изгубил кај Мрежичко на Кожуф

Денска, во 13.15 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, е добиена пријава за изгубено лице…

April 6, 2025
ХРОНИКА

Кривичен суд: Судот не е виновен за црните сообраќајни точки, не може судија да претпостави дека обвинетиот ќе изврши друго кривично дело

Основниот кривичен суд Скопје, во кој судијката Даниела Алексовска-Стојановска на неосудуваниот 20-годишен Васил Јованов му изрекла пресуда – упатување во Воспитно-поправен дом за продажба на дрога –…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?