Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Суспензија за стадионот во Чаир, а Шкупи предаден на дисциплинска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Суспензија за стадионот во Чаир, а Шкупи предаден на дисциплинска
СПОРТ

Суспензија за стадионот во Чаир, а Шкупи предаден на дисциплинска

Објавено September 24, 2025 18:44
Сподели
Сподели

Натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за суспензија на стадионот во Чаир на неодредено време, сè до носење на конечна одлука на Дисциплинската комисија.

Истовремено, против ФК Шкупи 1927 е покрената дисциплинска постапка и предметот е предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ.

Причина за одлуката се сериозните инциденти на натпреварот од 7. коло во Прва МФЛ, меѓу ФК Шкупи и ФК Македонија ЃП, кога дел од домашната навивачка група запалија и фрлија факели на теренот и во делот каде беше сместена ТВ продукцијата на натпреварот, при што беше предизвикано сериозно оштетување на дел од опремата на Македонската телевизија (МТВ), која го реализираше директниот пренос.

И покрај реакциите на службите на ФФМ и делегатот на натпреварот до официјалните лица на ФК Шкупи за време на мечот, не беа преземени никакви мерки за спречување на дополнителна штета.

Македонската телевизија со официјален допис ја извести ФФМ дека штетата треба да биде надоместена и дека на стадионот во Чаир нема услови за непречено и професионално вршење на ТВ преноси, поради што нема да врши директни преноси од овој стадион сè додека не се создадат безбедни услови за работа.

Дополнително, дел од домашните навивачи запалија банер на гостинската навивачка група „Лавови“.

ФФМ уште еднаш апелира до сите клубови да преземат максимална одговорност и мерки за обезбедување ред и соодветни услови за работа, со цел создавање безбедна и спортска атмосфера на сите стадиони во земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавено е најновото рангирање: Која земја е најиновативна во светот?
Следна Статија Кацарска: Уставен суд одлучи да не поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Македонија изигра нерешено против Австрија

Во драматичен натпревар и гол на капитенот Филип Кузмановски буквално во последната секунда Македонија одигра 29-29 против Австрија во првиот…

January 21, 2025
СПОРТ

Марк Маркес се израмни со Валентино Роси

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркес стана деветкратен светски шампион пет трки пред крајот на овогодинешното Мото ГП првенство благодарение на второто…

September 28, 2025
СПОРТ

Шкендија со пресврт го совлада бугарски Лудогорец

Фудбалерите на Шкендија го совладаа вечерва бугарски Лудогорец со 2-1 во Скопје во првиот натпревар од плејофот за пласман во…

August 22, 2025
СПОРТ

Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ

По завршувањето на вонредно изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), новиот претседател Масар Омерагиќ одржа состанок со членовите…

December 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?