Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сè снимено на камера: Брутална тепачка на лет од Загреб до Малме, патниците бегаат во паника
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Сè снимено на камера: Брутална тепачка на лет од Загреб до Малме, патниците бегаат во паника
СВЕТ

Сè снимено на камера: Брутална тепачка на лет од Загреб до Малме, патниците бегаат во паника

Објавено July 27, 2025 10:40
Сподели
Сподели

Двајца мажи имале брутална физичка пресметка во авион на „Рајанер“ на лет од Загреб до Малме, Шведска, потврдија повеќе извори, вклучувајќи го и шведскиот дневен весник „Афтонбладет“, кој објави видео од инцидентот.

На видеото се гледа еден од патниците, облечен во жолта маичка без ракави, како постојано удира друг маж во црна маица, кој се обидува да се заштити со избегнување на ударите. Тепачката се случила во средината на авионот, непосредно пред слетувањето, при што повеќето патници носеле безбедносни појаси. Според сведоците, тепачката избувнала веднаш откако се изгаснале светлата во кабината, што очигледно довело до паника кај патниците. „Имало крв насекаде. Децата плачеле, жените врескале, луѓето трчале кон задниот дел од авионот“, изјавила една патничка за Aftonbladet. Таа исто така рекла дека патничката пред неа била покриена со крв: „Сè уште сум потресена, речиси паднаа врз мене и мајка ми“. Друга патничка ја опишала сцената како „тотален хаос“, со врескање, туркање и други патници кои се обидувале да се оддалечат од двајцата напаѓачи. „Се удирале еден со друг, паѓале врз други луѓе, сите се обидувале да избегаат“, рекла таа.

По слетувањето на аеродромот во Малме, што се случи кратко пред 22:30 часот, безбедносните лица веднаш влегоа во авионот и ја презедоа контролата врз ситуацијата. Патниците беа евакуирани, а терминалот беше под силен полициски надзор. Дејвид Карлсон од компанијата „Сведавија“, која управува со аеродромите во Шведска, потврди дека полицијата интервенирала, но дека инцидентот не влијаел на редовниот тек на сообраќајот. „За дополнителни информации, ве молиме контактирајте ја полицијата“, рече тој кратко. Според информациите објавени од шведскиот весник „Сидсвенскан“, двајцата мажи се државјани на Шведска, а едниот од нив е официјално пријавен за физички напад.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ристоманов: Нè трујат за профит, а никој не истражува
Следна Статија Најновата фотографија на Брус Вилис: Еден детаљ ги растажи сите ФОТО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Околу 50 лица повредени- се судрија два трамваи во Стразбур

Околу 50 лица се повредени денеска во судир на два трамваи во тунелот на станицата во Стразбур Бас-Рин, соопштија полициски…

January 11, 2025
СВЕТ

Изгласан буџетскиот „мегазакон“ на Трамп

Американскиот Сенат денеска го усвои таканаречениот „голем убав закон“ (big beautiful bill) на претседателот Доналд Трамп, кој претставува масовен буџетски…

July 1, 2025
СВЕТ

Зеленски се инати: Не е доволно само да се одржат избори,мора да ме спречите да учествувам, а тоа ќе биде малку потешко

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку Украина за возврат стане членка на НАТО, а…

March 3, 2025
СВЕТ

Трамп е загрижен: Трета светска војна може да избие во следните три до четири месеци

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изрази загриженост дека може да избие трета светска војна и тоа…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?