Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари го разреши директорот на Кумановската болница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таравари го разреши директорот на Кумановската болница
МАКЕДОНИЈА

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

Објавено March 19, 2025 17:01
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека е разрешен директорот на Кумановската општа болница Стефан Трајановски. Ја разгледал документацијата на државната санитарна инспекција и, како што рече, во министерството констатирале дека има предуслови да се разреши директорот на Кумановската болница.

Таравари денеска го посетил семејството на младиот кумановец кој почина на 17 март во Кумановската општа болница по примање терапија. Утре, како што најави, ќе биде назначен нов директор на болницата. Министерството разгледува две до три имиња од редовите на јавната здравствена установа од Куманово.

– Бев во семејството да изразам сочувство на починатиот 32-годишен Ведат Адеми пред да дојдам тука. Го прочитав извештајот што беше подготвен од државниот републички санитарен инспекторат и во него може да се констатира многу лесно дека веќе има предуслови да речам за да се разреши директорот на Општата болница во Куманово. И веќе директорот е разрешен од таа позиција. Се надевам дека утре по консултации со колегите во министерството ќе назначиме нов директор на Општа болница во Куманово, изјави Таравари на градскиот плоштад од Куманово.

Таравари информира дека професионален тим од Министерството за здравство детално ќе ја разгледа целата документација која потоа ќе биде предадена на обвинителството. Таравари кажа дека сите кои водат институции и лекарите треба да одговараат ако има некакви пропусти.

– Сега треба професионалниот тим којшто е направен од Министерството за здравство да дојдат и да ги разгледаат сите документи уште еднаш и потоа сите ќе бидат предадени на обвинителство, се надевам дека судството ќе донесе правична одлука доколку постои лекарска грешка. Меѓутоа треба да бидеме свесни дека и тие што водиме институции, па и тие што лекуваме пациенти, доколку има некакви пропусти мора да одговараат. Затоа од утре јас ќе ве известам и министерството ќе излеземе со името на новиот директор на Општа болница во Куманово, изјави Таравари.

Одговарајќи на новинарски прашања за конкретните пропусти утврдени од Инспекторатот, министерот за здравство Таравари рече дека не е коректно јавноста да дознае информации пред официјалните институции.

– Јас не би сакал да зборувам за тоа. Мислам дека има одредени работи коишто се неправилни, не се како што треба, затоа веќе постојат и услови за да се разреши тој што ја води институцијата. И затоа ви кажав дека директорот е веќе разрешен. Јас мислам дека не е коректно пред јавноста да кажеме работи коишто треба потоа да се дадат и на професионалната комисија и на обвинителството да кажеме отсега меѓутоа мислам дека веќе постојат индиции и дека тој што организира работата во болницата требало да внимава да не се случуваат такви работи, рече Таравари.

Министерот за здравство рече дека во ресорното министерство разгледуваат два-три можни имиња за директор на Кумановската болница од редовите на самата установа и повтори дека утре ќе биде назначен.

– Не знам дали е информиран (директорот). Јас ви кажувам дека од министерство ние го разрешивме, изјави Таравари.

Во однос на статусот на лекарот кој го третираше младиот кумановец, Таравари рече дека не може да биде обвинител, судија и полицаец.

– Јас тоа што можам да го направам како министер е да го разрешам тој што ја организира здравствената установа, додека има професионална комисија потоа се дава во обвинителство. Јас не можам да бидам обвинител и судија и полицаец. Јас мислам дека по инспекцискиот надзор од санитарна инспекција во Куманово, треба нов раководител и веќе од утре ќе биде поставен нов директор од редовите на болницата, рече Таравари.

Во однос на непрописно паркираните возила кои го доведоа министерот во близина на градскиот плоштад, Таравари рече дека треба да се казнат веднаш.

Одговарајќи на новинарски прашања за тоа дали е информиран коалицискиот партнер од чии редови е Трајановски, Таравари рече: „Секако, нон-стоп сме во координација, така што секако дека каде што има грешки едни од други бараме да има одредени промени и ги правиме“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски: Во Белград се лекуваат најголем број од граѓаните испратени на лекување во странство
Следна Статија УЈП го казнила „Пулс“ во декември

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег

Управата за хидрометеоролошки работи за претстојната ноќ најави врнежи кои почнувајќи од север ќе преминуваат во снег и во пониските…

January 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани

Сите новинари и медиуми  при известувањето за погребите на жртвите од пожарот во Кочани да се придржуваат кон етички принципи…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова оствари средба со Орбан: Унгарија останува силен поддржувач на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со премиерот…

November 12, 2024
ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Во Македонија ќе се возат српски електрични локомотиви

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго денеска соопшти дека склучило договор со Железницата на Македонија – Транспорт…

September 24, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?