Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари и се заблагодари на Бугарија и на целиот бугарски народ за солидарноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таравари и се заблагодари на Бугарија и на целиот бугарски народ за солидарноста
МАКЕДОНИЈА

Таравари и се заблагодари на Бугарија и на целиот бугарски народ за солидарноста

Објавено March 18, 2025 18:04
Сподели
Сподели

Сакам да изразам благодарност до нашата соседна земја Бугарија, Министерството, претседателот и целиот бугарски народ за оваа солидарност, која навистина остава силен впечаток во нашата земја, рече денеска на прес-конференција во „Пирогов“ министерот за здравство на Република Македонија, Арбен Таравари.

Како што пренесе БТА, Таравари и македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски допатуваа во Софија за да ги посетат хоспатилизираните во болницата „Пирогов“ кои беа повредени во пожарот во Кочани во неделата.

– На почетокот сакам да му се заблагодарам на министерот за здравство, бидејќи во неделата околу 3 часот ноќта се случи трагедија, а во 08:30 часот разговарав со министерот Кирилов, кој беше првиот министер за здравство што ми се јави, а тој ден разговарав со веројатно 15 министри за здравство од регионот и од други соседни и пријателски држави на Македонија. Сакам да се заблагодарам и на претседателот на Бугарија кој беше во редовна комуникација со нашата претседателка, како и на премиерот кој беше во постојан контакт со нашиот. Благодарен сум и за состојбата на пациентите кај Пирогов, изјави Таравари пред новинарите во Ургентниот центар.

Тој информира дека ги посетил сите девет пациенти кои дишеле со помош на апарати и додаде дека двајца од нив се веќе екстубирани, што е добар знак.

– А според лекарите, има огромни шанси утре да бидат екстубирани уште двајца, рече Таравари.

На новинарско прашање колку години имаат екстубираните пациенти, тој рече дека се на возраст од 15 до 31 година.

Македонскиот министер за здравство додаде дека денеска е планиран транспорт на уште 19 пациенти во странство, но не прецизираше во кои земји ќе се лекуваат.

Во Бугарија, каде денеска е ден на жалост поради трагедијата во Кочани, пренесени беа 14 повредени во трагедијата во Кочани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Audi“ ќе укине 7.500 работни места во Германија
Следна Статија Млад кумановец ненадејно починал во Kумановската болница, истражната постапка во тек

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Зеленски го одликува Митко Јанчев со орден за заслуги

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, го одликува градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, со орден за заслуги. Оваа награда се доделува…

August 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: На 1 септември ќе ги има сите учебници

Министерството за образование и наука и Педагошката служба, која е во негов состав, имаат издвоено средства за замена на сите…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одложено рочиштето за злоупотреба на спортски ваучери

Основниот кривичен суд – Скопје го одложи денешното судско рочиште за предметот што се однесува на злоупотребата на државните спортски…

November 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кој е Зоран Башановиќ: ПР стратег на СДСМ, беше и советник на Заев

СДСМ да одговори, дали еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ? праша денеска ВМРО-ДПМНЕ. Куќниот…

March 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?