Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: Најновото линеарно зголемување од 2.500 денари за сите вработени во јавниот здравствен сектор – голем чекор напред
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таравари: Најновото линеарно зголемување од 2.500 денари за сите вработени во јавниот здравствен сектор – голем чекор напред
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Најновото линеарно зголемување од 2.500 денари за сите вработени во јавниот здравствен сектор – голем чекор напред

Објавено April 3, 2025 14:14
Сподели
Сподели

Со најновото линеарно зголемување од 2.500 денари за сите вработени во јавниот здравствен сектор направивме уште еден голем чекор напред. Со тоа, вкупното зголемување на платите, заедно со ноемвриското покачување, достигнува 4.815 денари нето за сите здравствени работници, а за медицинските сестри ова зголемување изнесува дури 6.200 денари, изјави на денешната прес-конференција, министерот за здравство Арбен Таравари.

– Овие бројки не се само статистика – тие значат повеќе сигурност, поголема мотивација и заслужено признание за макотрпната работа на илјадници лекари, сестри, техничари и административен персонал. Просечната плата во здравството, сега се движи околу 50.200 денари – а тоа е повеќе од бројка, тоа е сигнал дека вложуваме сериозно во човечкиот капитал. Октомвриското зголемување од 10.49 отсто во комбинација со тековните мерки донесе кумулативен пораст на платите од 17.18 проценти. А, кога ќе го земеме предвид и фактот дека годишната инфлација изнесува околу 3.5 проценти, реалниот раст за 2024/25 година е 9.4 отсто. За споредба, во периодот од 2021 до 2023 година реалниот раст на платите беше само 3.8 проценти, рече министерот.

Тој посочи дека ова е највисок реален раст на платите во јавното здравство во последната деценија и доказ дека кога има политичка волја, има и резултати.

– Наша цел е да изградиме здравствен систем во кој професионалците ќе се чувствуваат ценети, мотивирани и подготвени да останат и работат тука, дома. Со ова зголемување, испраќаме порака дека достоинството на здравствениот работник не се преговара – тоа се брани и унапредува. И ова е само почеток. Министерството продолжува со работењето на системски реформи насочени кон унапредување на работните услови, дополнително образование и професионален развој, со цел да се обезбеди стабилност и квалитет во здравството, како и да се зајакне довербата на граѓаните во јавните здравствени услуги. Продолжуваме со конкретни чекори, со јасна визија и со непоколеблива решеност да го изградиме здравството кое нашите граѓани го заслужуваат, нагласи Таравари.

Тој смета дека денеска се испраќа силна и јасна порака: „здравствените работници се темелот на нашето здравство – и државата стои зад нив“.

– Како Министерство за здравство, заедно со Владата и синдикатите, активно изминатиот период работевме на унапредување на статусот на здравствените работници и овие промени не се настанати преку ноќ, нагласи Таравари. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mицкоски извади документи против Левица и Апасиев: Kупиле деловен објект од 295.000 евра по само 721 евро за квадрат?
Следна Статија Почна средбата Мицкоски – Филипче во Влада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид од рудникот „Тораница“

По инцидентот што се случи на 14 март, инспектор за животна средина на рудникот „Тораница“ направил увид на денот на…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

По една деценија застој, зградите кај Ректоратот добиваат нов живот – ќе ги користи ФИНКИ

Двата недовршени објекта кај Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, чија изградба е стопирана повеќе од една…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

ДИК го олесни настапот на независните листи – доволни ќе бидат два потписи

Два потписи од двајца избирачи ќе бидат потребни за да можат независните кандидати за советници и градоначалници да учествуваат на…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Европарламентарците побараа поголем ангажман на Брисел околу блокадата на Македонија

Уставните измени остануваат клучни за продолжување на преговорите на Македонија со ЕУ, но одговорноста за застојот не е само во…

February 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?