Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба, но компликации се очекуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба, но компликации се очекуваат
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба, но компликации се очекуваат

Објавено March 17, 2025 10:54
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информира дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба, а 20 пациенти се во критична состојба. Тој најави дека можни компликации се очекуваат денеска и утре. Како што рече, има нови пациенти кои биле дел од трагичниот настан во Кочани, но не се пријавиле вчера, туку се пријавиле денеска.

– Завршивме со состанокот на Кризниот штаб и направивме пресек на состојбата. За среќа, пациентите кои што беа донесени вчера во болниците низ државата се во стабилна состојба. И тие што беа пренесени надвор од државата, вкупно 51 до сега, сите се во генерално стабилна состојба. Но, се појавува еден нов проблем да има пациенти кои вчера не се јавени, и денеска се јавуваат. Јас би сакал да упатам порака до сите што биле дел од трагичниот настан во Кочани, а не се пријавиле вчера, ги молам денеска да се пријавуваат, рече Таравари.

Како што рече, сите пациенти кои беа во Кочани и Штип, сега се сместени во Скопје. Во Кочани и Штип повеќе нема пациенти.

Таравари подвлече дека ситуацијата е под контрола и очекуваат помалку компликации.

Во пожарот загинаа 59 лица, а од повредените во државава се лекуваат 84 пациенти, а во странство 51 пациент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ и од трагедијата во Кочани ги дели граѓаните на наши и ваши, на Македонци и Албанци?!
Следна Статија Трамп: Утре ќе разговарам со Путин, има добри шанси да ја завршиме војната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Абдул Јашари од Чаир стана министер во Сирија, а во Македонија се истражуваше неговата ,,улога” во случајот ,,Монструм”

Абу Катада Албани е во сириската влада и под санкции на САД за тероризам, откако долги години ја предводеше џихадистичката…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел каде што ќе има средби…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Патот Крива Паланка – Деве Баир во прекин поради одрон

Од 05:05ч. сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка - Деве Баир е во прекин поради одрон. Сообраќајот на државните…

November 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Мојата земја, во сè пофрагментиран свет, останува силно посветена на ефективниот мултилатерализам, со ОН во нејзиниот центар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со заменичката генерална секретарка на Обединетите Нации, Амина Џ. Мохамед и се обрати пред постојаните…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?