Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тасевски од М- НАВ доби кривична: Платени денови наместо за синдикални активности ги искористил за одмор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Тасевски од М- НАВ доби кривична: Платени денови наместо за синдикални активности ги искористил за одмор
ЕКОНОМИЈА

Тасевски од М- НАВ доби кривична: Платени денови наместо за синдикални активности ги искористил за одмор

Објавено March 26, 2026 16:05
Сподели
Сподели

Судот повторно го оцени како незаконски штрајкот на Синдикатот на контролори на летање (ССКЛ) што требаше да се одржи во октомври лани, а е поднесена и кривична пријава против претседателот на синдикатот Александар Тасевски за злоупотреба на службената должност, соопшти на денешната прес-конференција правниот застапник на Македонска навигација (М-НАВ), адвокатот Горан Николовски.

– Штрајкот е забранет поради три основи, односно барањето за штрајк не содржи никакви синдикални барања, односно барања за заштита на правата од работен однос, не е спроведена задолжителна постапка за помирување и последната констатација на судот е дека ССКЛ, како подружница, нема правен легитимитет самостојно да организира и да спроведува штрајкови -рече Николовски.

Тој информира дека поради најавите за нови штрајкови, М-НАВ поведе и посебна судска постапка со која бара утврдување дека ССКЛ генерално нема право самостојно да настапува и да организира вакви активности.

Ова барање, како што посочи адвокатот, се заснова на Законот за работни односи и на Статутот на Независниот синдикат за сообраќај и врски.

Во однос на кривичната пријава против претседателот на Независниот синдикат за сообраќај и врски и претседател на ССКЛ, Александар Тасевски, Николовски нагласи дека таа е поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје поради злоупотреба на позицијата за остварување лични цели.

– Ја злоупотребил својата позиција и дал известување и барање за користење платени денови од работа, со најава дека ќе користи денови за синдикални активности и синдикални состаноци, а господинот заминал на приватна посета на Кипар заедно со својата љубовна партнерка – посочи Николовски.

Тој, рече дека информацијата за приватното патување на Тасевски, е добиена од медиумите.

– Заминал на приватна посета со својата љубовна партнерка. Неговата посета таму е констатирана од страна на новинар. И така е пренесена информацијата – појасни Николовски.

Нагласувајќи ја стратешката важност на институцијата која ја гарантира безбедноста на авиосообраќајот, адвокатот подвлече дека М-НАВ е должна да презема дејствија за заштита на својот капитал и на интересите на државата секогаш кога има основани информации, додека конечната одлука за иницирање кривична постапка ја носи исклучиво Јавното обвинителство.

На прес-конференцијата беше соопштено и дека е утврден идентитетот на вработено лице во М-НАВ кое открило деловни тајни кои подоцна биле објавени на порталот „Буревесник“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бура ја парализираше Хрватска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“, единствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор

„Оне Македонија телекомуникации“, фирма на унгарската „Фор-ај-џи“, е единствената компанија која достави понуда на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации…

August 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Македонија може да ја искористи целата ситуација за да ги зацврсти односите со САД – ова може да биде шанса за македонската економија

Македонија од ова може да искористи, можеби ќе успееме да ги направиме уште поцврсти врските со Соединетите Американски Држави и…

April 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Станува ли чоколадото елитна храна!

Чоколадото е омилена храна за многумина, а неговите цени вртоглаво скокнаа. Имено, цената беше под влијание на лошата жетва на…

September 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните сами треба да се бранат од паушални сметки, ЕВН нема капацитет за фер наплата

И покрај поднесените иницијативи за воведување на поправеден систем на пресметка на потрошената електрична енергија, состојбите во пракса покажуваат дека…

April 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?