Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таткото на загинатиот Мартин Сипковски вели: Тој не беше сторител, туку жртва на манипулации и страв
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таткото на загинатиот Мартин Сипковски вели: Тој не беше сторител, туку жртва на манипулации и страв
МАКЕДОНИЈА

Таткото на загинатиот Мартин Сипковски вели: Тој не беше сторител, туку жртва на манипулации и страв

Објавено October 10, 2025 08:19
Сподели
Сподели

Дејан Сипковски, таткото на 21-годишниот Мартин Сипковски кој загина во експлозија во стан во Белград, се огласи на Фејсбук со потресна објава во која ја демантираше верзијата дека неговиот син бил поврзан со поставување експлозив.

„Со длабока болка и неверување ја споделувам трагичната вест за смртта на мојот син Мартин. Тој имаше само 21 година, беше студент, манекен и поранешен ракометар на РК Вардар — млад човек со многу енергија, соништа и надежи за иднината“, напиша Сипковски.

Тој истакна дека во јавноста се појавиле бројни шпекулации, кои, според него, се целосно неточни. „Сакам јавно и одговорно да кажам дека тоа не е вистина. Мојот син никогаш не би одзел туѓ живот. Имаше грешки како и секој млад човек, но не беше насилен, ниту криминалец.“

Во статусот, Сипковски откри дека Мартин бил во домашен притвор во Македонија во рамки на истрага што, како што вели, „од самиот почеток беше сомнителна“. „Мартин не беше првообвинет во случајот, туку подоцна беше вклучен, иако вистинскиот обвинет одамна избегал во Белград и има сериозно криминално досие,“ наведе тој.

Таткото додава дека неговиот син бил исплашен и разочаран од пресудата, и дека побегнал во Белград „измамен и злоупотребен од луѓе кои ја искористиле неговата доверба“. „Постојат основани сомнежи дека Мартин бил наведен и наместен, со лажни ветувања дека ќе може да замине во трета држава,“ напиша Сипковски.

Тој побара целосна и темелна истрага од надлежните институции во Македонија и Србија. „Вистината мора да се открие до крај. Мартин не беше сторител, туку жртва на околности и манипулации што го надминаа неговото искуство и возраста,“ нагласи Сипковски.

Во објавата, тој апелираше до медиумите да известуваат одговорно и со почит. „Разбирам дека медиумите живеат од читања и кликови, но зад тие наслови стои едно скршено семејство и 17-годишна ќерка која ги чита сите тие објави. Пишувањето без проверка не само што ја нарушува вистината, туку и ја продлабочува болката.“

„Нашето семејство останува скршено од болка, но решено да се бори за вистината за Мартин. Тоа му го должиме на него, на неговото име и на неговиот мир,“ завршува Сипковски во својот статус.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно судство, затоа што нема да имаш контрола
Следна Статија Македонија вечерва против Белгија за прво место во групата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Предлогот за Трајко Славески за гувернер пред пратениците

Пред пратениците во рамки на денешната 52. седница ќе биде Предлогот за именување гувернер на Народната банка на Република Македонија.…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судијата Димовски го тужи Судскиот совет пред Управниот суд

Шест судии кои Судскиот совет ги унапреди односно ги префрли од Граѓански во Апелациски суд може да не дојдат до…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски очекува првата линија на „Градскиот воз” на релација Зелениково – Драчево – Кисела…

May 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во ноември отстранети 1500 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на месец ноември 2025 година, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше вкупно 179 едукативни разговори со претставници на…

December 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?