Таткото на Фросина: Правосудниот систем произведува неправди

- Advertisement -

Таткото на загинатата Фросина Кулакова денеска обвини дека правосудниот систем произведува неправди што длабоко ги погодува родителите и блиските на сите настрадани .

Тодор Кулаков во текот на протестниот марш обвини дека секој кој изгубил дете се соочува со организиран систем што не може да се нарече правосуден, зашто е во колизија со она што го врши.

Тој обвини дека правосудниот систем создава неправди што ги погодува сите блиски на загинатите. Кулаков попладнево зборуваше во текот на протестниот марш поради 12 годишната затворска казна што вчера судот му ја изрече на Васил Јованов.

Сподели ја оваа статија