Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таткото на Фросина револтиран: Како може иста судијка да ги суди предметот на Васо и предметот на татко му
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Таткото на Фросина револтиран: Како може иста судијка да ги суди предметот на Васо и предметот на татко му
ХРОНИКА

Таткото на Фросина револтиран: Како може иста судијка да ги суди предметот на Васо и предметот на татко му

Објавено June 24, 2025 20:13
Сподели
Сподели

Таткото на Фросина Кулакова, Тодор го коментираше денешното одложено рочиште од судењето против Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, кој смртно ја прегази нејзината ќерка.

Причината беше што во судницата не беше присутен обвинетиот Зоран Јованов и неговиот адвокат Сашо Дуковски. Тодор во својата објава ја критикуваше судијката која е назначена за случајот.

„СУДИЈКА НА МАФИЈАТА млада ама веќе се истакна во КРИМИНАЛИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО… На денешното рочиште се покажа… А можеше и се разбира требаше да се изземе доколку и најмалку зрно етика има … ИМА ЛИ АКМИС СИСТЕМ ВО СУДСТВОТО И КАКО МОЖЕ ИСТА СУДИЈКА ДА ГИ СУДИ И ПРЕДМЕТОТ НА ВАСО И ПРЕДМЕТОТ НА ТАТКО МУ… ОВА Е КЛАСИЧНА КРИМИНАЛНА МАНИПУЛАЦИЈА НА АКМИС СИСТЕМОТ ЗА ШТО ЗА СИТЕ ВКЛУЧЕНИ ЌЕ БАРАМЕ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ КОЈА СПОРЕД СУДСКА ПРАКСА ЗАВРШУВА СО ЗАТВОР… Ако веќе еден Претседател на овој Суд кој само наводно беше гонет за манипулирање со Акмисот иако реално се работеше за политички прогон, ама заврши со затворска казна… ЗАТВОР ЗА КРИМИНАЛЦИТЕ ИЛИ НИШТО ОД ОВА СУДСТВО“, објави меѓу другото Кулаков.

Како што обвинува тој, ова веќе не е правосуден систем со 2% доверба туку ова е „веќе со негативен коефициент на доверба, значи со минус напред, бидејќи е правосуден систем во директна соработка со мафијата и подеднакво учесник во криминалот за што сега не се ни кријат…“.

„Ништо не се движи. Додека ние копаме и градиме гроб на Фросинче мафијашкото семејство на чело со мајка му на Васо и татко му копаат и ги потплатуваат судии, обвинители, адвокати, полиција и што се не друго…“, порача меѓу другото таткото Тодор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД
Следна Статија Мицкоски: Не сум задоволен од испораката на правдата на судството и обвинителството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче, прво откако сведокот Гоце Трајковски минатата недела сам се пријави во полиција

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски,…

January 27, 2025
ХРОНИКА

ОЈО бара притвор за девет лица во предметот „Адитив“

По вчерашната успешно спроведена акција и донесената Наредба за спроведување на истражна постапка против 23 лица, денеска предметните обвинители до…

December 11, 2024
ХРОНИКА

Сопственикот на депонијата во Визбегово му го фрлил мобилниот на новинарот во огнот

Сопственикот на отворената депонија во Визбегово, на која на 9 јули гореа авто-делови и го загади воздухот во цело Скопје,…

July 14, 2025
ХРОНИКА

На 22 септември ќе биде објавена пресудата за онкологот Мери Пешевска

Основниот кривичен суд Скопје пресудата за второобвинетата за случајот Онкологија, онкологот Мери Пешевска која призна вина ќе ја објави на…

September 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?