Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тајната на долгиот живот? Три оброци, рутина и без драма – вели 114-годишна Јапонка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Тајната на долгиот живот? Три оброци, рутина и без драма – вели 114-годишна Јапонка
ЗАБАВА

Тајната на долгиот живот? Три оброци, рутина и без драма – вели 114-годишна Јапонка

Објавено August 5, 2025 10:08
Сподели
Сподели

Шигеко Кагава, 114-годишна пензионирана докторка од префектурата Нара, стана најстарата личност во Јапонија откако почина 114-годишната Мијоко Хиројасу, покажуваат податоците на јапонското Министерство за здравство, труд и социјална грижа, пишува „Асоушиејтед прес“.

Кагава, симбол на извонредна долговечност во Јапонија, дипломирала медицина пред Втората светска војна, работела во болница во Осака за време на војната, а подоцна ја водела семејната ординација како специјалист по гинекологија и акушерство. Во пензија заминала на 86-годишна возраст. Со 109 години, во пресрет на Олимписките игри во Токио во 2021 година, Кагава стана една од највозрасните носителки на олимпискиот оган во историјата.

Како што пренесе локалната телевизија „Ем-би-си њуз“, повикувајќи се на нејзиното семејство, таа не прави ништо посебно за да го одржи своето здравје. Се придржува до редовна рутина – легнува и станува во исто време, јаде мали порции, но секогаш има три оброка на ден.

Претходната најстара личност во Јапонија, Мијоко Хиројасу, исто така водела активен живот. Родена во 1911 година, таа студирала уметност во Токио, предавала во префектурата Хирошима и одгледала три деца. Починала во дом за стари лица во префектурата Оита, каде што деновите ги поминувала читајќи весници, цртајќи и играјќи карти.

И покрај општиот пад на бројот на жители, бројот на постари лица во Јапонија постојано расте. Заклучно со 1 септември 2024 година, рекордни 36 милиони луѓе – што е 29 отсто од населението – биле постари од 65 години, што е највисок процент на стари лица во светот. Лицата над 80 години сега сочинуваат 10 проценти од вкупното население, според податоците на Министерството за внатрешни работи и комуникации. Во цела Јапонија има 95.119 стогодишници.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија КОЛКУ ЧИНИ ДРЖАВЈАНСТВО ВО ЕУ? Секој што започнува живот во оваа земја плаќа 1.000 евра
Следна Статија ВИДЕО: Лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари качени на хауба добија пријави од МВР

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Тејлор Свифт го собори рекордот по бројот музички награди Billboard

Американската пејачка и кантавторка Тејлор Свифт изјави дека тоа што ќе влезе во историјата како најнаградувана добитничка на музичките награди…

December 13, 2024
ЗАБАВА

Железници за првпат со специјално украсен новогодишен воз и празнично возење

Железници на Македонија како општествено одговорна компанија, информира дека за првпат оваа година се вклучува во празничните случувања во пресрет…

December 25, 2025
ЗАБАВА

Софија ќе биде подготвена за Евросонг

Софија има целосна сила, динамика и инфраструктура за покривање на Евровизија и оценувам дека ние ќе бидеме домаќин, престојат разговорите…

July 4, 2026
ЗАБАВА

Switch 2 може да следи по стапките на PlayStation и Xbox со глобално зголемување на цените

Истражувачка фирма открива можни фактори за зголемување на цените

January 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?