Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тенисерите на турнирот во Акапулко имале проблеми со гасови и надуеност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Тенисерите на турнирот во Акапулко имале проблеми со гасови и надуеност
СПОРТ

Тенисерите на турнирот во Акапулко имале проблеми со гасови и надуеност

Објавено February 27, 2025 17:26
Сподели
Сподели

Дури тројца од четворицата најдобро рангирани тенисери на АТП 500 турнирот во Акапулко беа принудени да се повлечат или да ги предадат натпреварите од второто коло поради дигестивни проблеми. Норвежанецот Каспер Руд и Американецот Томи Пол воопшто не излегоа на теренот, додека Данецот Холгер Руне го предаде дуелот по три гема.

Организаторите на турнирот сè уште не се огласија со објаснување како дошло до оваа епидемија меѓу играчите.

„Се надевав дека ќе ја победам оваа стомачна болест која се појави вчера, објави Руд на Инстаграм, додавајќи дека до последен момент се обидувал се што може за да игра против 19-годишниот Мексиканец Родриго Пачеко Мендез (АТП – 355.), кој на тој начин првпат во кариерата стигна до четвртфиналето на АТП турнејата.

Томи Пол не успеа да игра и против сонародникот Маркос Жирон, кој во четвртфиналето ќе се соочи со Канаѓанецот Денис Шаповалов, 32-ри на АТП-листата и втор најдобро рангиран тенисер од преостанатите осум на турнирот.

Четвртиот носител Холгер Руне одлучи да излезе на теренот, но му го предаде мечот на Американецот Брендон Накашима откако ги загуби првите три гема.

„Лут сум и тажен во исто време. Добив труење со храна и не можев да играм денеска. Дефинитивно не го сакав овој крај“, објави Руне на социјалната платформа 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Перински: Нема заборавени места во Македонија, Владата го поддржува рамномерниот развој
Следна Статија Јавноста одамна се умори од постојаните обиди на Славица Петровска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Пелистер ги загуби сите шанси во ЛШ

Тренерот на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, изрази задоволство од настапот на своите ракометари на гостувањето во Берлин…

February 28, 2025
СПОРТ

(ВИДЕО) Меџик Џонсон е во Грција, му довикуваат на српски

Меџик Џонсон е еден од најдобрите кошаркари во историјата со титули во НБА, сите со Лос Анџелес Лејкерс, три пати…

June 29, 2025
СПОРТ

Македонија поразена од Велс, за пласман на СП ќе се бориме по потешкиот пат

Македонија е понижена во Велс. Доживеавме висок пораз од 6-1 кој го заслуживме. Нѐ одигравме ништо ниту во одбраната ниту…

November 18, 2025
СПОРТ

Србија со „дрим-тим“ во напад на европско злато

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ, го објави конечниот список од 12 кошаркари кои ќе го бранат националниот…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?