Секторот за внатрешни работи – Охрид соопшти дека се преземаат интензивни мерки по пријава за силување на малолетно девојче во Дебарско.
Според информациите, вчера околу 15 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар бил поднесен пријава од 41-годишен жител на Дебарско, кој пријавил дека неговата малолетна ќерка била силувана од маж од Тетовско.
„Се преземаат сите потребни активности за целосно расчистување на случајот“, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Полицијата не открива дополнителни детали поради заштита на малолетната жртва и истрагата е во тек.