Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тетовското јавно обвинителство нареди обдукција на телото на починатото седумгодишно девојче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тетовското јавно обвинителство нареди обдукција на телото на починатото седумгодишно девојче
ХРОНИКА

Тетовското јавно обвинителство нареди обдукција на телото на починатото седумгодишно девојче

Објавено September 22, 2025 15:04
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од ОЈО Тетово издал писмена наредба за обдукција на телото на седумгодишното девојче од тетовското село Челопек што вчера почина во Клиничката болница во градот.

Наредбата за обдукција следува откако вчера од болницата побарале таа да се изврши, но семејството на починатото девојче одбило да се спроведе.

Од тетовското јавно обвинителство велат дека веднаш по настанот бил известен јавен обвинител дека во болницата имало инцидент со оштетување на имот, а откако била утврдена причината веднаш била издадена прво усна, а потоа и писмена наредба за обдукција.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека кај нив нема стигнато никаква пријава од граѓани и оти единствено од Клиничката болница телефонски ги информирале за случајот.

„На 21.09.2025 година во СВР Тетово од Клиничка болница Тетово, било пријавено дека во Одделот за анестезија било донесено осумгодишно девојче без знаци на живот, кое претходно било во Одделот за педијатрија при Клиничка болница Тетово. Веднаш било постапено во однос на пријавата и бил известен јавен обвинител, при што било констатирано дека од страна на семејството не било дозволено да се изврши обдукција и телото на починатото девојче го земале за погреб“,велат од СВР Тетово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјанка ограбена во кафуле, малолетник поминал со тротинет и ја украл чантата
Следна Статија Кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу успех во игри на среќа во октомври?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска е осуден на две години…

September 2, 2025
ХРОНИКА

Има докази и сведоци дека пожарот кај Смилковско бил подметнат

Пронајдени се докази, а има и сведоци дека пожарот кај Смилковско Езеро е подметнат, открива градоначалникот на Гази Баба Бобан…

July 10, 2025
ХРОНИКА

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски,…

November 25, 2024
ХРОНИКА

Момче обвинето за задушување 78-годишна жена со перница во Челопек

Во селото Челопек во Скопје, 21-годишно момче е осомничено дека на 12 февруари 2026 година ја задушило 78-годишната жена со…

February 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?