Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тешка сообраќајна несреќа на патот Градско–Прилеп: Двајца прилепчани го загубија животот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тешка сообраќајна несреќа на патот Градско–Прилеп: Двајца прилепчани го загубија животот
ХРОНИКА

Тешка сообраќајна несреќа на патот Градско–Прилеп: Двајца прилепчани го загубија животот

Објавено June 12, 2026 23:02
Сподели
Сподели

Две лица го загубија животот, а едно лице е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на експресниот пат Градско–Прилеп, по исклучокот за Кавадарци.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 11 јуни во 13:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „Шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р. (51) од Прилеп, и патничко возило „Фолксваген голф“, исто така со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М. (39) од Прилеп.

На местото на несреќата животот го загубиле возачот на „шкодата“ и 42-годишната Б.Б. од Прилеп, која била сопатник во возилото. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Кавадарци.

Возачот на „голфот“ се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кавадарци, по што бил префрлен на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на трагичната несреќа извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци, а се преземаат мерки за утврдување на причините што довеле до судирот.

Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец бил во прекин и нормализиран во 17:00 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Договорени дирекна авиолинија Анкара – Скопје
Следна Статија Конзорциум предводен од „Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје-Блаце, изградбата стартува летово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина познатиот композитор Љупчо Константинов

Почина познатиот композитор Љупчо Константинов. Константинов беше препознатлив по неговата музика „Среќна нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна…

October 17, 2024
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Како да запалам свеќа и да ѝ речам да биде задоволна со две години затвор за убиецот?, праша сестрата на загинатата Теодора

Ева Ристовска, сестра на Теодора, низ солзи, рече дека казната од две години нема да ја врати жртвата, ама ќе…

April 7, 2025
ХРОНИКА

Четиригодишно дете починало во Струшката болница

Четиригодишно дете утрово починало на Детското одделение во Струшката болница, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, случајот во полиција бил…

February 2, 2025
ХРОНИКА

21-годишник од Свети Николе крвнички ја тепал бремената девојка и ја заклучил во соба

Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување…

February 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?