Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томевски: Пожарот кај Вардариште ставен под контрола и се догаснува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Томевски: Пожарот кај Вардариште ставен под контрола и се догаснува
МАКЕДОНИЈА

Томевски: Пожарот кај Вардариште ставен под контрола и се догаснува

Објавено June 12, 2025 17:24
Сподели
Сподели

Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола и во моментов се догаснува.

На терен се 25 пожарникари со осум противпожарни возила, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) Звонко Томевски.

Томевски појасни дека превентивно морале да исклучат два далеководи, еден на ЕВН и еден на МЕПСО зошто работат во нивна близина.

– Нема повредени и нема материјална штета, изјави Томевски.

Скопските пожарникари денеска од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина гаснат запалена сува трева и отпаден материјал.

По пожарот, без снабдување со струја се 47.000 корисници во Скопје и превентивно се исклучени од напон трафостаниците „Скопје 4 – Аеродром” и „Скопје 4 – Исток”.

– Поради голем пожар во депонијата Вардариште, а по барање на Противпожарната бригада, екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен и ги исклучија од напон трафостаниците „Скопје 4 – Аеродром” и „Скопје 4 – Исток”. Во моментов 47.000 корисници се без снабдување со електрична енергија. Напонот ќе биде повторно воспоставен по известување од Противпожарната бригада дека теренот е безбеден и пожарот е изгаснат, изјавија за МИА од Електродистрибуција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Нашиот потенцијал е да се развиваме, да бидеме држава преку три паневропски коридори, која ќе биде поврзана со Европа и со светот
Следна Статија Вечерва интервју на Алсат со премиерот Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Локалните избори треба да се распишат кон крај на јули или почеток на август

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека кон крајот на јули или почеток на август…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ако се реализира процесот на постепена интеграција и станеме дел од ЕУ, Бугарија нема да може да стави вето – смета Мицкоски

Местото на Македонија е во Европа, а поранешни корумпирани и мекотели политичари ја доведоа државата во ситуација наместо за иднината…

February 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Писмо до Вартоломеј: Македонците во Грција бараат црковна служба на македонски јазик

Да има црква во Грција во која богослужбите ќе се изведуваат на македонски јазик, барање е кое Македонците од Грција…

May 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Почна протестот за поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово во Скопје

Во тек е протестот за поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои сè уште се наоѓаат во…

December 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?