Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томовски: Вилите на претседателот и на премиерот во Скопје и во Охрид сега имаат имотен лист
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Томовски: Вилите на претседателот и на премиерот во Скопје и во Охрид сега имаат имотен лист
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Вилите на претседателот и на премиерот во Скопје и во Охрид сега имаат имотен лист

Објавено February 9, 2026 21:10
Сподели
Сподели

Кога ја презедов институцијата, ја почнавме легализацијата на државниот имот, а денес имаме имотен лист за вилите на претседателот и на премиерот во Скопје и во Охрид, рече денес директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски.

„Легализацијата за вилите Водно 1, 2 (претседателската и премиерската) веќе имаат имотен лист со трајно користење на Службата, додека на минатата седница на Влада помина и легализацијата на охридските вили, тоа се исто премиерска и претседателска и уште две вили кои се во Свети Стефан“, рече Томовски, кој заедно со својот тим имаше средба со новинарите во врска со последниот ревизорски извештај за работата на СОЗР за 2024 година.

Во однос на државното земјиште споменато во извештајот, старо 30 години, за кое нема податоци дали и за што се користи, тој рече дека е отпочната постапка и формирана работна група, задолжена токму за оваа проблематика.

„Се надевам за брзо време ќе го решиме и тој проблем. Она што реално го имаме да го имаме, она што го немаме барем да знаеме дека не е во наша сопственост“, посочи Томовски.

Според него, станува збор за земјиште и објекти на повеќе локации останати по заминувањето на ЈНА, а Службата неколку пати се обраќала до Катастарот, но не добивале повратни податоци за тие земјишта.

Околу наодите за разликите помеѓу сметководствената и фактичката состојба за прехранбени производи во главниот магацин по пописот за 2024 година, Томовски истакна дека има некакви разлики, но тој не би сакал да навлегува во одговорот на ова прашање, бидејќи имало постапка водена од Бирото за јавна безбедност при МВР.

„Да оставиме институциите да го решат овој случај, па после тоа можеби ќе дадеме заедничка изјава“, посочи Томовски.

Во ревизорскиот извештај за работата на СОЗР се наведува дека по пописот за 2024 година, од времето на претходното раководство, е утврдена разлика помеѓу сметководствената и фактичката состојба за прехранбени производи во висина од 4 милиони 187 илјади денари без предложени мерки за решавање на состојбите.

За забелешките за низок износ на уплатата на дневниот пазар во објектите под СОЗР, Томовски кажа дека кога ја презел работата во Службата, затекнале работа без фискални каси. Сега, тврди тој, во рок од две недели е отстранет тој проблем, промет се внесува на дневна основа и тој е зголемен за 310 проценти.

Околу забелешките дека постои неусогласеност за работно место „авион-диспечер“ во Одделението за превоз на воздухоплови, вработените во СОЗР на брифингот кажаа дека откако задолженото лице дало отказ, поедноставно било да се бара ново вработување отколку да се бара унапредување на неговиот помошник. Томовски вели дека тој ја затекнал таа ситуација и бил приморан само да го потпише договорот.

„Во тој договор имаше казнени поени кон институцијата бидејќи била платена соодветна обука за тој диспечер. Јас единствена опција имав само потпипшување на тој договор“, рече Томовски.

Меѓу другото, пред новинарите укажа дека на државата ѝ е потребен нов државен авион, со опција да се користи и за медицински потреби, ако дојде потреба да се пренесе граѓанин на кого му е потребна итна помош.

Томовски посочи и дека државата има само едно блиндирано возило „мерцедес“, користено од 2017 до денеска, доста старо, па затоа треба да се набави ново.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Арнаудова-Стојановска: Расте штедењето во денари и на долг рок
Следна Статија Четворица професионални војници имаат шуга

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно време, температурата до 11 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пуштена нова делница од автопатот Кичево – Охрид, ова е силен доказ дека Македонија се движи напред

Пуштањето на уште еден дел од делницата Кичево – Охрид, е силен доказ дека Македонија се движи напред, се гради…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Илинден: Ова е дел од една сериозна, системска трансформација на јавното здравство

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свечено отворање на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – амбуланта Илинден, во населеното…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Жалам што прерано згасна еден млад човечки живот, протестот на граѓаните е оправдан и го поддржувам

„Апсолутен е, оправдан е, револтот на граѓаните и тука нема никаква дилема и од еден од начините да се надмине…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?