Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Топаловски: Брзо возење, црвено светло, нерегистрирани возила и лошо паркирање – тоа се прекршоците со кои ќе стартува „Безбеден град“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Топаловски: Брзо возење, црвено светло, нерегистрирани возила и лошо паркирање – тоа се прекршоците со кои ќе стартува „Безбеден град“
МАКЕДОНИЈА

Топаловски: Брзо возење, црвено светло, нерегистрирани возила и лошо паркирање – тоа се прекршоците со кои ќе стартува „Безбеден град“

Објавено January 24, 2026 19:27
Сподели
Сподели

Возењето во главниот град е значително смирено по тест‑периодот на системот „Безбеден град“, вели началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски. Тој истакна дека граѓаните веднаш го намалиле бројот на прекршоците со воведувањето на опомените, а новиот систем ќе регистрира четири клучни прекршоци кои најмногу ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот: брзо возење, поминување на црвено светло, нерегистрирани возила и неправилно паркирање.

Преку опомените народот многу брзо изреагира во тест-периодот. Беше известен, знаеше што претстои и веднаш го смири своето возење, го смири начинот на возење. Со тоа покажавме дека можеме да бидеме исто како Германците, Австријците, како сите други земји што го имаат тоа инкорпорирано во својот систем – и ние да го почитуваме, изјави Топаловски во подкастот „Радар“ со Сотир Костов.

Тој нагласи дека реакцијата била толку брза што бројот на прекршоци се намалил за повеќе од три пати.

На почеток имавме преку 110 илјади прекршоци. Нема систем и институција што може да го обработи тоа. Но народот – за два дена – го спушти бројот на 30 илјади. Толку е нашиот паметен народ. На самата опомена, на самиот тест, го намали нивото на брзо возење, додаде тој.

Топаловски објасни дека реформата е насочена кон четири прекршоци кои најмногу влијаат врз редот и безбедноста во сообраќајот: брзо возење, поминување на црвено светло, нерегистрирани возила и неправилно паркирање. Тоа се токму прекршоците што ќе ги детектира системот „Безбеден град“.

Луѓето велат: „Две-три минути ќе застанам’, а тоа создава огромни проблеми. Ако само на една точка на Партизанска застанат две автомобили, се прават колони што два часа не можете да ги расчистите. Најлошо е што на тој начин се загрозуваат човечки животи – не гледаш пешак, не гледаш кој поминува, предупреди Топаловски.

Тој додаде дека остануваат и другите сообраќајни прекршоци за кои и досега се казнувало, како неносење сигурносен појас или користење мобилен телефон при возење, но преку „Безбеден град“ ќе се регистрираат само четирите приоритетни категории.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Државата планира изградба на нови згради во Штип, Битола и Скопје
Следна Статија Трамп се закани со 100-процентни царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби, го советувам да се врати и да се соочи со правдата

Али Ахмети има редовна комуникација со Груби и го советувам да се врати во земјава и да се соочи со…

February 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за историскиот договор: Здравствените работници добиваат десет проценти повисока плата и нови 5% заклучно со мартовската плата

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање на тема здравство, во однос на тоа…

November 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминалот, тоа се должи на професионалноста и неселективноста

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ зборуваше колку Македонија е безбедна држава и…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Косова прес“: Груби се наоѓа во Приштина

Извор на новинската агенција „Косова прес“ тврди дека вчера попладнето го видел поранешниот вицепремиер на Македонија и бегалец од правдата,…

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?