Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Топлотен бран ја зафаќа земјава – препораки за заштита од високите температури
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Топлотен бран ја зафаќа земјава – препораки за заштита од високите температури
МАКЕДОНИЈА

Топлотен бран ја зафаќа земјава – препораки за заштита од високите температури

Објавено August 8, 2025 08:54
Сподели
Сподели

Од денеска до 13 август, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат до 39 степени Целзиусови, поради што Министерството за здравство апелира за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури.

Граѓаните да престојуваат во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, препорачува Министерстото, како и внес на доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци.

На граѓаните им се препорачува да носат лесна, светла облека и да користат заштита за глава и очи, како и да избегнуваат физичка активност во најтоплите часови од денот.

-Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури, во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош, одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот и обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25 степени Целзиусови) на работното место и во домот, препорачуваат од Министерството за здравство.

Оттаму посочуваат дека внимателно ја следат состојбата на дневна основа и дека ќе постапуваат согласно проценките и потребите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ужас: Штипјанец ја убил својата мајка синоќа во Македонија
Следна Статија „Опен АИ“ го претстави „Чат ГПТ 5“, дава поточни одговори за медицината, науката, финансиите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Jане Сандански го почнал Илинденско востание на Крстовден

Во свеста на голем број Македонци, вградена е претставата дека Илинденското востание траело десетина дена, колку што траела и Крушевската…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

АМСМ: Поради технички проблеми утрово надвор од функција граничниот премин Блаце

Сообраќајот на магистрален пат Скопје – Граничен премин Блаце утрово не е во функција, а сообраќајот во моментов се пренасочува…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

До неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ,…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми

Министерството за образование и наука реагира на прес конференцијата на политичката партија СДСМ од каде со истите, препишани лански соопштенија…

September 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?