Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Арсовска одбива да соработува со Одделот за внатрешна контрола при МВР
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Арсовска одбива да соработува со Одделот за внатрешна контрола при МВР
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Арсовска одбива да соработува со Одделот за внатрешна контрола при МВР

Објавено July 16, 2025 17:05
Сподели
Сподели

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска има 24 – часовно обезбедување кое се грижи за нејзината сигурност. МВР, по препорака добиена од Агенцијата за национална безбедност и додели обезбедување и покрај тоа што таа не го побара, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Според Тошковски, добро е што Арсовска барем тоа го прифатила и соработува со Одделот за заштита на определени лица и објекти – ОЗОЛО, за разлика од фактот, како што вели, што одбива да соработува и даде изјава на Одделот за внатрешна контрола при МВР.

Одделот за внатрешан контрола при МВР, Тошковски информираше дека постапува во врска со дејствија на непостапување на полициски службеници кои се поврзани со случајот минатиот петок со градоначалничката Арсовска во Чаир, но по изјава на советничката Ирена Витина, додека Арсовска одбива да соработува.

Тошковски, нагласи дека неколку дена полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола се во Град Скопје и не успеваат да обезбедат писмена пријава и изјава од страна на градоначалничката Данела Арсовска поврзано со случајот.

Факт е дека полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола веќе неколку дена пробуваат да обезбедат изјава од градоначалничката во рамки на просториите на Град Скопје и таа изјава не ја добиваат. Колку што сум запознаен советничката Ирена Витина дала изјава поврзана со дејствија на непостапување на полициски службеници или дејствија кои, исто така, беа изнесени во јавноста, а беа поврзани со советничката. Во текот на вчерашниот ден мислам дека има дадено таа изјава и Одделот постапува во насока на тоа што го има кажано советничката, но за жал, градоначалничката неколку дена не сака да соработува со Одделот за внатрешна контрола при МВР и одбива да даде изјава, која е нужна за да можеме да ги преземеме сите дејствија што се во надлежност на Одделот, кој го преиспитува професионалното работење на полициските службеници, изјави Тошковски.

Во врска со случајот минатата недела, Тошковски рече дека МВР постапило согласно своите задолженија – односно постапило по насока на јавен обвинител и доставило кривчна пријава за предметното лице, по што Јавното обвинителство доставило предлог за определување мерки до Судија на претходна постапка, кој утврди куќен притвор, што по жалба, е променето и утврден е ефективен притвор на предметното лице.

Факт е дека институциите функционриаат, колку и да му се допаѓало или да не му се доапаѓало тоа некому. Факт е дека МВР постапило по секој еден предмет по кој што градоначалничката јавно информирала и факт е дека МВР постапува во сите оние предмети каде што добиваме наредба од Јавното обвинителство или имаме соодветни информации, каде што самите преземаме одредени дејствија, изјави Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Меморандум за соработка со Црвениот крст.

Тошковски, исто така, посочи дека во врска со сето она што јавноста го виде изминатиот период, а е поврзано со дејностите што ги презема градоначалничката, МВР како институција досега за се што има пријавено во рамки на МВР има соодветно одговорено.

Што значи тоа. Градоначалничката има јавно објавено дека едно лице, полициски службеник и се има заканувано преку социјални мрежи. Во врска со конкретниот случај и без оглед на тоа што нема писмено известување или пак усно пријавување од градоначалничката до МВР, службеници од Одделот за внатрешна контрола отидоа во Град Скопје повеќе пати во врска со тој предмет, постапија соодветно, се обратија до Одделот за компјутерски криминал, утврдија фактичка состојба. Утврдија дека конкретниот полициски службеник навистина постапил спротивно на закон и за него е отпочната дисциплинска постапка, која институционално ќе се разреши во рамки на МВР, изјави Тошковски.

За предметот каде градоначалничката пред месец и пол два, пријави дека и се заканувало одредено лице, кое било присутно на терен додека таа вршела активности согласно нејзини надлежности, Тошковски, рече дека МВР има поднесено соодветна кривична пријава пред повеќе од месец дена.

Тошковски, исто така, информираше дека повеќе оддели во рамки на МВР – организиран криминал, крим полиција, СВР Скопје во текот на вчерашниот ден влегле во повеќе општини во рамки на Град Скопје при што постапуваат по конкретни наредби дадени од јавен обвинител, а повразно со бесправна градба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Општина во Далмација дава речиси 8.000 евра за првороденче, во Вир исплаќаат 26.000 за петто дете
Следна Статија Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Еколошка катастрофа од невидени размери – Преспанското езеро се претвора во бара

Еколошка катастрофа од невидени размери. Преспанското езеро исчезнува, падот на нивото на водата може да се забележи буквално од ден во…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ќе се донесе нов Закон за учебници така што ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење

Новата Влада затекна многу проблеми во образованието, но со силни напори, за кратко време, успеавме да направиме многу добри работи,…

October 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

БИДИ ПОЛИЦАЕЦ: Во тек оглас за прием на 150 нови полициски службеници

Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на униформирани полициски службеници, кој ви го пренесуваме во целост: Биди полицаец.…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонски ученици освоија прво, второ и трето место на Олимпијада за роботски спортови во Грција

Прво, второ и трето место освоија македонските ученици од СТЕМ Академијата на глобална Олимпијада за натпревар во роботски спортови што…

April 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?