Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Новата концепција е на јавна расправа, не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Новата концепција е на јавна расправа, не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Новата концепција е на јавна расправа, не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени

Објавено January 27, 2025 19:31
Сподели
Сподели

Не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени од концептот за реформа во гимназиското образование. Се работи за драфт верзија поставена на јавна расправа. Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска откако дел од гимназиските професори преку отворено писмо се спротивставија на новата Концепција, коментирајќи дека со отстранувањето на философијата во македонското образование, не само што се отсекуваме од основите на европската цивилизација и мисла туку стануваме периферија која самостојно избрала да се апстрахира и од современите текови.


Јаневска објасни дека во моментов се прибираат сугестии, забелешки, предлози и откако ќе заврши јавната расправа ќе биде донесен конечниот заклучок.

„Пред два дена бев на Филозофски факултет, имав средба со професорите од Филозофскиот факултет, разговаравме многу конструктивно. Очекувам и нивна поддршка, затоа што ги сослушавме и ќе постапуваме по заеднички препораки, но првенствено во корист на учениците“, изјави Јаневска.

За предметот Сексуално образование, министерката во изјава за медиумите рече дека овој предмет останува слободен изборен предмет во деветто одделение и продолжува во средното образование.

Коментари и забелешки за новата концепција може да се испраќаат на веб страницата на Бирото за образование најдоцна до 31 јануари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Знакот на кој сè ќе му оди од рака во февруари и март
Следна Статија Големо повлекување на Кока-Кола од пазари во Европа поради високи нивоа на хлорат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен од денес на турнеја низ Западен Балкан, во среда ќе пристигне во Скопје

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен денеска од Тирана ја почнува својата тридневна турнеја низ земјите од регионот…

October 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Калињак: Македонија неоправдано предолго чека пред вратите на ЕУ

Во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на Владата…

June 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Скопје е денес симбол на истрајноста и солидарноста

62 години од земјотресот во кој Скопје го доживеа најтешкиот момент во својата историја. Земјотресот што го разурна градот однесе…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими грчкиот професор Јанис Армаколас, директор на Програмата за Југоисточна Европа во Грчката фондација за…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?