Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица
МАКЕДОНИЈА

Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица

Објавено April 24, 2025 18:05
Сподели
Сподели

Истрагата за трагедијата во Кочани се уште е во тек. Досега се осомничени 68 физички и три правни лица. Во никој случај не може да стане збор за селективно постапување, МВР постапуваше исклучиво во соработка и по наредба на јавен обвинител, не се гледаше дали се работи за маж или жена, за човек од Скопје или од Кочани, за каква било политичка припадност. Се работеше исклучиво од апскет на расветлување на трагедијата за оние што имаат вина да одговараат согласно законот. Да се реагирало вака во минатото, немало да се случуваат вакви незгоди во континуитет, да се имало ваков сериозен пристап при спроведување истрага капацитетите на државата ќе беа поинакви од овие што се сега, рече попладнево министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Одговорајќи на прашање што му го постави пратеникот Реџеп Исмаил, Тошковски уште еднаш напомена дека јавноста денес и тоа како може да направи разлика во постапувањата, во начинот како се спроведуваат сега и како се спроведувале изминатите години.

-Разликата е огромна од аспект на тоа како е постапувано во овој предмет, а како во другите трагедии каде загинаа 75 лица. И граѓаните прават разлика. Досега за три трагични случаи не е поднесена ниту една пријава од МВР и немало ниту еден осомничен. Сега МВР има поднесено четири кривични пријави против сите лица за кои во соработка со јавен обвинител е утврдена врска со настанот и има основи на сомнение. Првпат за министер, тројца градоначалници и неколку министри за економија има мерки за обебзедување присуство, потенцира Тошковски.

Тој најави дека во вторник јавноста ќе види што се треба да се преземе за да имаме, како што рече, нормална држава.

-За жал, за девет месеци не можеме да го смениме она што е труло во изминатите 30 години, но можеме да покажеме разлика, дека навистина можело поинаку и тоа го покажуваме, истакна Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дурмиши: Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд
Следна Статија Јанев: Поединци со години без морал и достоинство ја злоупотребувале јавната служба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен в среда во Скопје на средби со Сиљановска-Давкова, Мицкоски и Гаши

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен следната недела ќе ги посети партнерите на ЕУ од регионот на Западниот…

October 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Семејството на премиерот Мицкоски на литургија за Божик во Соборниот храм во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со семејството денеска, по повод празникот Христовото раѓање – Божиќ, присуствуваше на литургија во Соборниот храм…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

За осум месеци регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги

За осум месеци во 2025 година се регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги https://uslugi.gov.mk/, објави министерот за…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Агенцијата незаконски ме следела и злоупотребувала државни ресурси

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „360 степени” зборуваше за неговото физичко следење од страна на…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?