Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Истрагата која ќе заврши за брзо ќе покаже дека пожарот во Кочани е последица на корумпиран систем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Истрагата која ќе заврши за брзо ќе покаже дека пожарот во Кочани е последица на корумпиран систем
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Истрагата која ќе заврши за брзо ќе покаже дека пожарот во Кочани е последица на корумпиран систем

Објавено May 1, 2025 21:06
Сподели
Сподели

Од доказите со кои што сум запознаен во рамките на истрагата, која напоменувам се уште не е завршена, говорат за континуирано незаконито, коруптивно постапување на многу сегменти во рамки на институциите, кои наместо да заштитат, проверат и да утврдат фактичка состојба во насока на вистината, тие правеле се, само тоа не, оцени министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Само Интервју во врска со истрагата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Тој посочи и дека доколку станува збор за јавен собир МВР има обврска да присуствува, доколку не, МВР не може да преземе дејствија во надлежност на приватните агенции за обезбедување дадени со закон, дециден е министерот. Гледам многу проактивна улога на ЈО во овој случај, различно од претходно. Факт е дека лиценцата приложена до органите, ден по трагедијата, е дадена пред министерот за економија Дурмиши да стане министер, одговори Тошковски на прашањето зошто актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата.

Главниот аргумент на опозицијата е неточен, доказите со кои сум запознаен говорат за континуирано и незаконско постапување во многу сегменти, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за обвинувањата на опозицијата во однос на истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани.

Командирот на полициската станица којшто првично беше суспендиран сега е дел од осомничените во рамките на постапката. Тој е осомничен за дејствие коешто го презел, каде што Јавното обвинителство цени дека е постапено спротивно на законот, а е поврзано со предметно кривичниот-правен настан ужасната трагедија што се случи, рече Тошковски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Министерот наведе дека се надева оти за брзо време ќе заврши истрагата, оти во интерес на самата истрага не сака да открива детали, но и дека за брзо време ќе може да ги изнесат сите факти коишто се во интерес на јавноста.

Оваа ужасна трагедија којашто ја расплака цела држава, не е последица на земјотрес. Се надевам дека за брзо ќе заврши истрагата и ќе покаже дека е последица на еден корумпиран систем, којшто месец за месец, година за година, го нагризувал легитимитетот и легалитетот на функционирањето токму на предметниот угостителски објект, кој видовме како на крајот заврши. Доказите со коишто сум запознаен во рамки на истрагата, која што пак напоменувам, не е се уште завршена, говорат за континуирано, незаконито, коруптивно постапување, на многу сегменти во рамки на институциите, кои наместо да заштитат, наместо да проверат, наместо да утврдат фактичка состојба во насока на вистината, тие правеле се, само тоа не, нагласи Тошковски.

На прашањето дали полицијата требало да има сознанија дека во дискотеката се планира употреба на пиротехника и дали тој објект е казнет за употреба на нелегална пиротехника, Тошковски ги појасни актуелните законските одредби.

Не сум запознаен со таков факт, дека некогаш дискотеката е казнета за употреба на нелегална пиротехника, но факт е дека законските одредби предвидуваат за да МВР издаде одобрение, согласност…, мора прво некој да го побара. Во конкретната ситуација барање не е доставено од страна на никого, ниту од страна на оние кои ги употребиле пиротехничките средства, ниту од страна на менаџерите на клубот, одговори Тошковски.

Според него, обидот на опозицијата да манипиулира со овие факти е очигледен заради тоа што, како што кажа, и тие знаат да го прочитаат законот и тие знаат да отворат член од законот, и да видат дека потребно е да има известување до МВР.

Исто како што манипулираат во делот на тоа дека законот за јавни собири МВР било должно во рамки на угостителскиот објект да обезбеди вакви или онакви услови. Факт е дека станува збор за јавен собир, МВР е должно да го покрие јавниот собир, но во конкретната ситуација не говориме за јавен собир, туку за угостителски објект во чии рамки се организирала одредена забава, каде што МВР не може да ги преземе дејствијата на приватните агенции за обезбедување кои им се дадени согласно закон, рече тој.

Тошковски истакна и дека според анкетите на јавното мислење но и според генералниот впечаток, довербата во МВР континуирано расте.

Довербата во МВР расте, бидејќи народот конечно гледа неселективна и непоколеблива борба против корупцијата и криминалот, без оглед дали некој доаѓа од редовиет на една или друга политичка партија е на власт на локално или на централно ниво, гледаат дека таму кадешто имаме докази, таму каде што има злоупотреби, постапуваме, и луѓето гледаат надеж и тоа е генерален став којшто го добивам секојдневно, додаде министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 31 година без Аиртон Сена
Следна Статија Приведени повеќе од 400 луѓе за време на демонстрациите за Први мај (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Исклучен Термоблок 2 во РЕК Битола поради заштитна реакција, поведена е истрага

Утрово Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски е исклучен од електроенергетскиот систем, соопштија од АД ЕСМ, а причината е проработување…

June 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер до судиите: Ова е навистина клучен момент за Уставниот суд и судството, запамете за кого работите и зошто сте поставени тука

Ова е навистина клучен момент не само за Уставниот суд туку и за вашите колеги насекаде во судството, и најважно,…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дома си заминуваат 12 пациенти: Уште 27 се лекуваат во Македонија по пожарот во Кочани

Во клиниките во Скопје се лекуваат 39 пациенти кои со повреди се здобиле во ужасот во Кочани. Од нив, 12…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во дигиталната судница на Казнено-поправната установа „Идризово“ денеска започнува судењето за случајот „Адитив“ што се однесува на истрага за злоупотреба…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?