Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски и Коцевски потпишаа Протокол за подобрување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски и Коцевски потпишаа Протокол за подобрување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство
МАКЕДОНИЈА

Тошковски и Коцевски потпишаа Протокол за подобрување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство

Објавено April 10, 2025 11:57
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Јавниот обвинител на Македонија Љупчо Коцевски денеска потпишаа нов Протокол за соработка помеѓу МВР и Јавното обвинителство, со што уште еднаш ја потврдија посветеноста за засилување на интер-институционалната координација за успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители и ефикасно спроведување на кривичната постапка.

Тошковски нагласи дека засилената заложба за подобрување и јасно дефинирање на системот за борба против криминалот значи и постојано унапредување на правилата на игра, по кои институциите ќе можат да соработуваат, и што е поважно, ефикасно да ја водат таа борба.

Прецизните правила значат поголема ефикасност за институциите, за правдата и за законите, ќе ја зацврстат нашата меѓусебна координација и ќе креираат една силна институционална алатка повеќе за борба со сите форми на криминал и корупција со кои се среќаваме секојдневно. Со потпишување на овој Протокол ги поставуваме темелите на доверба и соработка, каде што заедничката цел е јасна – успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители и ефикасно спроведување на кривичната постапка, нагласи министерот Тошковски.

Министерот образложи дека документот утврдува јасни насоки и правила за постапување на полициските службеници и јавните обвинители, во активностите што се преземаат за откривање и гонење на сторители на кривични дела, а во исто време треба да го подобри функционирањето и ефикасноста на кривичниот прогон како дел од кривично-правниот систем.

„Ова не е само правен документ, туку и знак на волја за заедничка акција, заснована на доверба, транспарентност и отчетност.“, нагласи министерот Тошковски на чинот на потпишувањето.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски ја потенцираше оперативната вредност на Протоколот.

-Протоколот не е некаква политичка декларација, туку оперативен план заснован врз нашите закони за кривична постапка. Ги поедноставува процедурите за соработка, обезбедува јасност во сложените случаи и ја засилува координацијата во посебните мерки за истрага. Нашите институции се соочуваат со високо софистицирани форми на криминал и овој Протокол ќе ни помогне да се адаптираме и да се соочиме со тие предизвици, потенцираше обвинителот Коцевски.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, кои учествуваа во креирањето на овој Протокол нагласи дека МВР и Јавното обвинителство влегуваат во нова фаза на соработка во која ќе се реализираат придобивките од овој протокол.

Овој чекор ќе го засили делот на спроведување на кривичната постапка, ќе има видлив оперативен ефект и ќе поплочи патот кон заеднички обуки и практики. Стандардно оперативните процедури и практични алатки ќе овозможат многу поефикасна борба со сложените криминални случаи, корупцијата, организираниот криминал, финансиските криминали и сајбер криминалот, потенцираше амбасадорот Вал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кина се потсмева со царините на Трамп: И капите МАГА се „Мејд ин Чајна“, поскапеа дупло
Следна Статија Спречен шверц на облека и обувки во заедничка акција на македонска и косовската гранична полиција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Во Договорот со Бугарија нема член за промена на Уставот, но сега мора да го промениме

Транскрипт со превод на македонски јазик од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на посебниот панел „Важноста на регионалната соработка на…

October 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Велковски: Нулта толеранција за насилството во каква било форма, вклучително и она во дигиталниот свет

По повод Меѓународниот ден на човековите права, заменикот министер на министерството за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, учествуваше…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Финансиска поднела 29 кривични пријави кои вклучуваат штета од 852 милиони денари на буџетот, вели Ивановски

Од моето преземање на Управата за финансиска полиција, до денеска се поднесени 29 кривични пријави кои во себе вклучуваат штета…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: При крај на оваа пролет ќе се набават камионите за „Комунална хигиена“-Скопје

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП…

February 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?