Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Началници и инспектори допринеле за ужасната трагедија преку изготвување на незаконски документи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Началници и инспектори допринеле за ужасната трагедија преку изготвување на незаконски документи
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Началници и инспектори допринеле за ужасната трагедија преку изготвување на незаконски документи

Објавено March 19, 2025 15:34
Сподели
Сподели

Денешната отворена постапка против седум полициски службеници е дека помогнале дискотеката „Пулс“ да добие активна лиценца, а немала исполнета основни услови, соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за причините поради кои дојде до големата трагедија во Кочани.

Меѓу нив има главен инспектор за сообраќајни работи при СВР Штип и самостоен инспектор кои констатирале дека дискотеката „Пулс“ ги исполнила законски услови во делот на заштита на јавен ред и мир.

Третиот и четвртиот осомничен како началници на Одделението за полиција во СВР Штип и началник на СВР Штип одобриле и потпишале известување до Министерството за економија во кое констатирале дека ноќниот клуб ги исполнува законските услови, а не извршиле целосна проверка пред да ја одобрат позитивната согласност за лиценца.

Лицата во моментов се носат пред надлежен судија во рамки на претходна постапка. Досега во притвор се 18 лица.

-Ова се лицата кои што потпишале, овозможиле и допринеле да се случи ужасната трагедија со изготвување на незаконски документи, додаде Тошковски.

Според него, овие дејствија се преземани за издавањето на лиценцата од 2023 година.

Првиот полицаец исто така информира дека досега вкупно 26 лица се поврзани со трагедијата во „Пулс“, но и дека со нив не се затвора списокот на осомничени. Истрагата ќе потрае и понатаму.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од 2016 година во Македонија не функционира Центарот за изгореници
Следна Статија Манев вели дека Палевски ја сликал Вања со вперен пиштол: „Пиштолот и моторолите ги уништи послушник на Палчо“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Родителите на загинатите од Кочани велат дека премиерот им рекол да си одредат цена за нивните деца

Родителите на загинетите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани велат дека нивното барање со државниот врв, завршило со…

July 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Изготвивме нов Закон за учебници со кој спречуваме недостиг и доцнење на испораката

Со новиот Закон за учебници за основно и средно образование се обидуваме да го подобриме процесот на подготовка, одобрување и…

November 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сенаторот Џон Кенеди откри дека Македонија добила 3,9 милиони долари за ЛГБТ каузата од УСАИД

Републиканскиот сенатор во Конгресот на САД Џон Кенеди тврди дека Македонија добила 3,9 милиони долари за ЛГБТ каузата од Американската…

February 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вајарот Филип Новески ќе изработи биста за Илчо Гоцевски, кочанскиот херој

Вајарот Филип Новески ќе изработи биста за Илчо Гоцевски, кочанскиот херој кој со натчовечки напори 11 пати возел од Кочани…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?