Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски најави набавка на униформи: Спорната набавка е законска, но немаше доволно критериуми во тендерот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски најави набавка на униформи: Спорната набавка е законска, но немаше доволно критериуми во тендерот
МАКЕДОНИЈА

Тошковски најави набавка на униформи: Спорната набавка е законска, но немаше доволно критериуми во тендерот

Објавено June 10, 2025 12:50
Сподели
Сподели

По осумгодишен застој во обновувањето на службената опрема, Министерството за внатрешни работи најави дека до крајот на годината поголемиот дел од униформираните полициски службеници во државата ќе добијат нови униформи.

Веста ја соопшти министерот Панче Тошковски, кој нагласи дека институцијата конечно го адресирала долгогодишниот проблем со снабдувањето на полицијата со основна работна опрема.

– Во јавноста имаше обид да се девалвира процесот за набавка на униформи, но вистината е поинаква. Еден од доказите е фотографија на која се гледаат полицајци – еден во фармерки, друг во работничко одело, трет со палто од татко му… Срамота. Затоа решивме да ставиме крај на ова – изјави Тошковски.

Тој посочи дека досегашната, помала набавка опфатила униформи за околу 1.000 полициски службеници, но сега следува многу поголем процес. Новата набавка ќе опфати 5 до 6.000 припадници на полицијата, со што, како што рече, речиси целокупниот униформиран кадар ќе добие современа и функционална работна облека.

– Ова што полицајците го носат во моментов е катастрофа. Осум години не е набавена нова униформа. Тоа не е само слика за еден пропуст, туку за целосен игнорантски однос кон оние што секојдневно се грижат за безбедноста на граѓаните. Но, ние сме тука да го смениме тоа. Сѐ што можеме да направиме – ќе направиме – порача министерот.

Во својата изјава, Тошковски не го исклучи ниту политичкиот контекст на реформите, оценувајќи дека „македонскиот народ е мудар, гледа што се случува и дека ќе го каже својот збор на локалните избори“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ако извештајот на Вајц не помине и на 24 јуни, тогаш проблемот не се Бугари во Уставот, туку македонскиот идентитет и јазик
Следна Статија Афера „Крмзов“: За околу 90 милиони евра штета инволвирани 23 физички и 15 правни лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Калајџиев: Никој во државата веќе не го брани Коцевски

Се погласни се критиките и оправдувањата за смена на републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, иницијатива која што владата веќе ја…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Затворен магистралниот пат Ресен – Битола, сообраќајот се одвива во големи гужви по стариот пат

Затворен магистралниот пат Ресен – Битола, сообраќајот се одвива во големи гужви по стариот пат Колоната на возила постојано се…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Google Street View повторно на улиците на Македонија

Автомобилите на Google Street View оваа пролет се враќаат во Македонија. Во наредниот период ќе се движат по јавните патишта…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Финансиската полиција за девет месеци открила криминал вреден 30 милиони евра

Финансиската полиција е институција со мал број на вработени, но со најголема тежина во државата. Во период од една година…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?