Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Проектот БорПрес2 е чекор напред кон воспоставување на граничниот премин Маркова нога – Лемос
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Проектот БорПрес2 е чекор напред кон воспоставување на граничниот премин Маркова нога – Лемос
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Проектот БорПрес2 е чекор напред кон воспоставување на граничниот премин Маркова нога – Лемос

Објавено June 5, 2025 18:21
Сподели
Сподели

Денеска во Лемос, Општина Преспа – Грција, во присуство на министрите за внатрешни работи на Македонија и Грција, Панче Тошковски и Теодорот Ливаниос, амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас, претставници на локалните самоуправи, се одржа настанот „Гранична станица Преспанско Езеро: Воспоставување на граничен премин меѓу Грција и Република Македонија на областа Преспанско Езеро“.

Со тоа се означи започнување на БорПрес2 фазата на проектот кој на крај има за цел да воспостави нов граничен премин помеѓу Маркова Нога (Македонија) и Лемос (Грција) што ќе го намали времето на патување помеѓу Лемос и Ресен од повеќе од два часа на само 40 минути.

Во проектот вреден над 7.7 милиони евра, 80% финансиран преку ИПА 3 програмата на Европската Унија се планирани реновирање на постојната полициска станица од македонска страна, изградба на нова зграда за царинска и полициска контрола на страна на Грција и развој на прекуграничната пешачка патека помеѓу селата Брајчино и Агиос Германос со цел промоција на еко-туризмот. Партнери во проектот се министерствата за внатрешни работи на Македонија и Грција, регионот Западна Македонија во Грција и општините Ресен и Преспа.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во своето обраќање на настанот на кој беше презентиран целиот проект истакна дека ова не е само почеток на инфраструктурен проект, туку реализација на заедничка визија – визија вкоренета во регионалната соработка, европската интеграција и трајното партнерство меѓу нашите две држави.

„Денес го одбележуваме почетокот на проектот БорПрес2 и се поставуваат темелите за идното отворање на граничниот премин Маркова Нога / Лемос.Со текот на годините, односот меѓу нашите земји стана посилен – врз основа на меѓусебно почитување, практична соработка и продлабочено чувство за заедничка судбина. Овој нов граничен премин е моќен израз на тој однос. Тоа е конкретна демонстрација на политичка волја, техничка способност и нашето заедничко разбирање дека во денешна Европа, границите треба да поврзуваат, а не да разделуваат.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски образложи дека овој напредок не би бил можен без непоколебливата поддршка од Европската Унија преку инструментот за пристапна помош – ИПА и Програмата за прекуграничната соработка кои го овозможија потребното финансирање, техничка експертиза и можноста да црпиме сила од колективната европска цел во која поврзаноста, соработка и интеграцијата се витални столбови на мирот и просперитетот.

„Силата на Европа лежи во нејзиното единство и во мостовите што ги градиме преку границите – а не во ѕидовите што ги подигаме меѓу нас. Преку проектот БорПрес2, ја претвораме таа цел во практично, мерливо влијание. Овој проект е доказ дека европската интеграција не е далечна аспирација – тоа е жив процес, вкоренет во опипливи резултати: подобри патишта, безбедни граници и подобрен квалитет на живот за граѓаните на кои им служиме.“, финално потенцираше министерот Тошковски.

Проектот започна на 14 февруари 2025 година и е планирано да трае 36 месеци, со завршување на 13 февруари 2028 година.

Министерот Тошковски оствари и билатерална средба со министерот Теодорот Ливаниос на која се разговараше за меѓусебната соработка, можно решение за побрз проток на патници и стоки на граничниот премин Богородица – Евзони. Министрите изразија посветеност на понатамошното градење мостови на соработка кои ќе ги поврзуваат луѓето, нациите и економската и културна соработка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сабаленка се пласира во финалето на Ролан Гарос
Следна Статија Ѓоковиќ пред полуфиналето со Синер: Фокусиран сум само на сопствената игра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Службата за општи и заеднички работи соопшти дека радикално е зголемена наплатата на угостителските услуги кои се наплаќаат од функционерите…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Не планираме да ја забраниме употребата на Тик-ток

Опасно е да влеземе во забрана на апликации, како држава што се смета за европска, либерална, демократска и верува во…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Мора да бидат зачувани гордоста и достоинството, граѓаните да не бидат понижени и поразени

Премиерот Христијан Мицкоски очекува ЕУ да и помогне на земјата за одблокирање на евроинтеграции, преку изнаоѓање решение со кое државата…

October 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Експерти за дипломатската офанзива: Македонија е влијателен фактор на меѓународна сцена

Владината делегација предводена од Христијан Мицкоски во дипломатска офанзива. Низа средби премиерот имаше во европските престолнини, каде бара гаранции за…

March 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?