Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители

Објавено July 5, 2025 10:15
Сподели
Сподели

Во изминатата година разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полицијата. Ова е доказ дека државата си ја враќа силата и нема да толерира никакво насилство, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во Владата на која ги презентира резултатите на МВР и сработеното во изминатата година.

Владата и МВР, посочи, нема да седат со скрестени раце додека криминалот ни ги уништува животите, туку ќе заштитат секој граѓанин.

Тошковски наведе дека во борбата против дрогата откриле над 860 кривични дела и заплениле над 430 килограми наркотици, меѓу кои рекордни количини кокаин, спречиле три обиди за меѓународен шверц и откриле злоупотреби кај компании за произвдоство на канабис, од кои одзеле над шест тони марихуана.

Ова покажува дека нема недопирливи и дека правдата ќе стигне до секого, без разлика на име и преземе или функција, рече Тошковски.

Во делот на корупцијата, потенцираше дека не молчеле и поднеле кривични пријави против 107 физички и 18 правни лица за корупција во здравството, енергетика, даночниот систем па дури и безбедносниот систем. Овие коруптивни шеми резултирале со штета на држвата од над 17 милијарди денари.

МВР има преземено процесни дејствија со кои се надевам дека во иднина ќе се овозможат услови овие пари да бидат вратени на граѓаните, рече Тошковски.

Тој најави дека таа борба допрва ќе расте и како што нагласи, секој кој се осмелил да краде од народот ќе се соочи со одговорност.

Во однос на сообраќајот рече дека не е задоволен од фактичката состојба.

Има напредок, има намалување на тешките несреќи и бројот на повреди, но се уште премногу луѓе гинат на улиците. Ова еедно од најважните работи на кои работиме, наведе Тошковски, најавувајќи функицоналност преку проектот Безбеден град.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најмалку 24 загинати во поплавите во Тексас, меѓу нив и деца
Следна Статија Николоски: Продолжуваме да ја градиме Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

ЕУ: Старт на преговорите веднаш штом ги внесете Бугарите во Уставот

Европската комисија со нетрпение очекува што е можно поскоро почеток на преговорите по поглавја со Албанија и Македонија вели портпаролката…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа

Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош преку националниот портал за е-услуги

На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Европскиот пат на мојата држава е поплочен со двојни стандарди

Европскиот пат на мојата држава е поплочен со двојни стандарди, со нови барања и услови коишто не им биле поставени…

March 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?