Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тој е светла точка во деновите на темнина: Мицкоски се сретна со јунакот Јован Костадинов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тој е светла точка во деновите на темнина: Мицкоски се сретна со јунакот Јован Костадинов
МАКЕДОНИЈА

Тој е светла точка во деновите на темнина: Мицкоски се сретна со јунакот Јован Костадинов

Објавено March 26, 2025 18:37
Сподели
Сподели

Денес се сретнав со Јован Костадинов, млад човек од Виница, кој во најтешкиот миг покажа што значи храброст, одговорност и човечност, објави на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Јован, со само 19 години, влезе во запалениот објект во Кочани и спаси 21 живот. Без размислување, со голема присебност и посветеност, тој направи нешто што малкумина би се осмелиле да го сторат.
Јован не е само херој на оваа трагедија, тој е симбол на една нова генерација која знае да направи разлика. Од неговиот чин се учи како да се биде човек, како да се биде достоинствен и несебичен во моментот кога тоа најмногу значи.
Бев информиран дека ќе биде доделена стипендија за Јован Костадинов, како знак на признание за неговата храброст и човечност. Алкалоид, како општествено одговорна компанија, ја презеде оваа иницијатива и на тој начин покажа дека ги препознава и вреднува ваквите светли примери. Благодарност до сите што помагаат во овие тешки моменти за државата и народот.
Јован е светла точка во деновите на темнина. Неговото име ќе остане запаметено, а неговиот пример треба биде уште поголема инспирација за да бидеме подобри, посилни и похрабри граѓани на нашата Македонија, напиша Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски назначи нови началници на СВР Штип и ОВР Кочани
Следна Статија Реновирал без дозвола: Шпанската инспекција го казни Ѓоковиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мирче Стојков ќе ја води општина Кочани до изборот на нов градоначалник

Мирче Стојков, советник од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја води Општина Кочани до изборот на нов градоначалник, откако досегашниот градоначалник, Љупчо Папазов,…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Зачуден сум зошто ЈО не побара притвор за поранешниот директор на ЕСМ

Министерот за внтарешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека е вчудоневиден што не е побарана мерка притвор за поранешниот директор…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Победата на Трамп е добра вест за Македонија: Негови соработници веќе беа на средба со македонскиот владин врв

Ако денот по утрото се познава, тогаш слободно може да констатираме дека Доналд Трамп е 47-от претседател на Соединетите американски…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

МНР најавува реформи: Повеќе професионални дипломати на чело на амбасадите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска најави значителни измени на Законот за надворешни работи, со кои…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?