Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Традиционалниот василичарски концерт на Македонската опера и балет вечерва со директен пренос на МРТ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Традиционалниот василичарски концерт на Македонската опера и балет вечерва со директен пренос на МРТ
ЗАБАВА

Традиционалниот василичарски концерт на Македонската опера и балет вечерва со директен пренос на МРТ

Објавено January 13, 2026 09:58
Сподели
Сподели

Македонската опера и балет вчера и денеска од 20 часот го организира традиционалниот концерт по повод празникот Василица, годинава насловен „Диско вечер“, со програма која ги претставува во современа интерпретација најпознатите диско и поп хитови од 1970-тите и 1980-тите години со директен пренос на МРТ.

Вечерва ја славиме традицијата и музиката заедно со целата публика, во живо на Македонската радио телевизија. Искрена благодарност до тимот на МРТ, како и до сите уметници и професионалци вклучени во реализацијата, за одличната соработка и заедничката посветеност кон културата и јавниот интерес, објави МОБ на социјалните мрежи.

Во најавата за настанот МОБ посочи дека тие ќе прозвучат во симфониски аранжмани и дека овој уметнички пристап „не е само носталгично враќање кон музиката од минатото, туку и нејзино творечко преосмислување“.

Публиката ќе има можност да ги слушне делата на светски признати автори и изведувачи како Глорија Гeјнор, Дона Самер, АББА, Би Џис (Bee Gees), Мајкл Џексон и многу други, но во сосема ново руво: низ симфониски аранжмани што ја прошируваат нивната оригинална форма и ги поставуваат во контекст на современа концертна естетика. „Диско вечер“ создава мост меѓу жанровите, генерациите и музичките традиции поврзувајќи ја популарната култура со институционалната сцена на класичната музика. Таквата синтеза ја нагласува отвореноста на македонската Национална опера и балет кон современите културни текови и нејзината мисија да понуди програми што се истовремено квалитетни, иновативни и достапни за пошироката јавност, соопшти организаторот.

Солисти ќе бидат домашни и странски пејачи: Џудит. Н. Беноа од Велика Британија, Даниел Ситрит и Мартин Лин од Данска, Клара Лукас од Германија и Ана Петановска од Македонија. Ќе настапи Оркестарот на Национална опера и балет и Националниот џез оркестар.

Режисер на концертот е Дејан Прошев, диригент Емин Џијан, сценограф и автор на видеодизајнот Марија Ветероска и светломајстор Милчо Александров.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Goodwill shopper sparks outrage after sharing photos of local store’s shelves: ‘Is this normal?’ – Yahoo
Следна Статија Апл воведува подобрена Health апликација подоцна оваа година со четири надградби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Бекам ќе добие титула витез

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам ќе добие витешка титула, откако се најде на…

June 6, 2025
ЗАБАВА

Таа беше музика, рече Биба Додева на комеморацијата во чест на прерано починатата Сара Пројковска

Со едно минутен молк на Факултетот за музичка уметнст започна комеморацијата во чест на професорката Сара Пројковска, која животот на…

March 26, 2025

Octopath Traveler 0 добива уште една надградба за Switch и Switch 2

Преземете ја веднаш

February 2, 2026
ЗАБАВА

Успешно завршен вселенскиот лет на Блу Оринџ: Кети Пери и Глеј Кинг ја бакнаа земјата, а Лорен Санчез својот Џеф Безос

Утрово во 7 часот по локално време шест жени, меѓу кои и пејачката Кети Пери и свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез,…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?