Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Ако Авганистан не ја врати контролата врз воздухопловната база Баграм на САД, „ќе се случат лоши работи“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Ако Авганистан не ја врати контролата врз воздухопловната база Баграм на САД, „ќе се случат лоши работи“
СВЕТ

Трамп: Ако Авганистан не ја врати контролата врз воздухопловната база Баграм на САД, „ќе се случат лоши работи“

Објавено September 21, 2025 10:31
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Авганистан дека ако не ја врати контролата врз воздухопловната база Баграм на американската војска, „ќе се случат лоши работи“.

– Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на оние што ја изградија – Соединетите Американски Држави, ЌЕ СЕ СЛУЧАТ ЛОШИ РАБОТИ, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

Републиканскиот претседател во четвртокот изјави дека Вашингтон се обидува да ја врати базата, која ја користеа американските сили по нападите на 11 септември 2001 година. Вчера, Трамп им рече на новинарите дека разговарал со авганистанските претставници за ова прашање.

Американската војска се повлече од Авганистан во 2021 година, по што Баграм беше преземен од Талибанците.

Авганистанските претставници се спротивставија на можното обновување на американското воено присуство во земјата. „Авганистан и САД треба да работат заедно… без САД да одржуваат какво било воено присуство во кој било дел од Авганистан“, напиша Закир Џалал, функционер на Министерството за надворешни работи во Кабул, на социјалната мрежа „Х“ во четвртокот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Миовски го постигна првиот гол во дресот на Глазгов ренџерс (ВИДЕО)
Следна Статија Ќе има мерки за цените на прехранбените производи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

САД ќе банкротираат без кратења на федералните трошоци, смета Маск

САД ќе банкротитраат без кратења на федералните трошоци, изјави денеска технолошкиот милијардер Илон Маск. Маск, кој ги предводи напорите под…

February 12, 2025
СВЕТ

Нетанјаху влезе во Газа и испрати јасна порака кон Хамас

Израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху, на својот профил на Фејсбук објави фотографија на која јаснос е гледа како тој е длабоко…

November 19, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Ладно добредојде во Кина: Никој не ја пречека германската мнистерката за надворешни

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок допатува во официјална посета на Кина, а при слетувањето никој од кинеските…

October 28, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Гадафи навреме го предупреди Башар: Aко мене ме тргнат ти си следниот, тој иронично се смешкаше

Еден од најзначајните беше говорот на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи пред 16 години на седницата на Арапската лига, кога тој…

December 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?