Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја“
СВЕТ

Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја“

Објавено March 31, 2025 09:19
Сподели
Сподели

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да не го отфрла договорот за ретки минерали бидејќи може да биде „во голема неволја“.

Гледам дека тој (Зеленски) се обидува да се повлече од договорот за минерални суровини. И ако го направи тоа, ќе биде во неволја. Ќе има големи, големи проблеми – истакна Трамп.

Тој врши притисок врз Зеленски да потпише договор со кој им се дозволува на американските компании да ископуваат украински минерали додека се преговара за договор за прекин на огнот помеѓу Украина и Русија.

Се договоривме за тоа, а сега тој (Зеленски) вели дека сака повторно да преговара. Тој сака Украина да стане членка на НАТО. Значи, тој никогаш нема да биде членка на Алијансата и тој го разбира тоа. Затоа сега бара повторно преговарање – наведе Трамп.

Зеленски на 28 март, по добивањето на новиот американски нацр-договор, кој според него е „драматично проширен“, изјави дека Киев нема да прифати никаков договор за ретки минерали, кој би ја загрозил интеграцијата во Европска Унија.

Со последниот американски предлог се бара од Киев да му ги испрати на Вашингтон сите приходи од заедничкиот инвестициски фондот, што ќе ги контролира украинските ресурси, додека Украина не ја плати американската воена помош со камата. Според последниот нацрт, Украина нема да има безбедносни гаранции и од неа се бара да придонесе во фондот со приходи од природни ресурси управувани од државни и приватни компании.

Нацрт-договорот предвидува Вашингтон да има приоритет при купување ресурси и враќање на сите пари испратени во Украина од 2022 година, со годишна каматна стапка од четири отсто, пред Украина да добие пристап до приходите на фондот.

Со заедничкиот инвестициски фонд би управувала американската корпорација за меѓународен развој, а фондот би имал пет членови на одборот, од кои тројца би биле назначени од САД и двајца од Украина. Средствата би се заменувале за девизи и би се испраќале во странство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до 100-та титула во кариерата
Следна Статија Охрид СОС: Оние на власт, бивши и сегашни допуштаат изградба на хотел во Горица на сметка на светското наследство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Уапсена позната калуѓерка поради соработка со италијанската мафија

Италијанската полиција уапсила калуѓерка која работела со затвореници и 24 други лица како дел од истрагата за мафијашката група „Ндрангета“…

December 5, 2024
СВЕТ

Илон Маск во кампањата на Трамп донирал 259 милиони долари

Американскиот милијардер Илон Маск донирал 259 милиони долари (245 милиони евра) за поддршка на претседателската кампања на новоизбраниот претседател на…

December 7, 2024
СВЕТ

Трамп изјави дека „100 проценти ќе има трговски договор“ со ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази „100 проценти“ увереност во постигнувањето „трговски договор“ во тековниот царински спор со Европската унија, за…

April 17, 2025
СВЕТ

Tрамп најави ќе ги заплени резервите на збогатен ураниум на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе ги запленат резервите на високо збогатен ураниум на Иран. - Ќе…

May 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?